„Отсега ќе мораме да размислуваме од една трка до друга и да се обидеме да постигнуваме најдобри резултати од ден за ден“ – Хорхе Лоренцо

Откако се најде на третото место во генералниот пласман, на Хорхе Лоренцо сега му остануваат уште седум трки да се обиде да го престигне Марк Маркез, кој има огромни 59 бода предност.

lorenzo original

„По двете последователни трки во Австрија и Брно, ситуацијата не е онаква каква што планиравме. Отсега ќе мораме да размислуваме од една трка до друга и да се обидеме да постигнуваме најдобри резултати од ден за ден,“ изјави Лоренцо.

„Следната трка се вози во Силверстоун и ќе мораме да притиснеме. Оваа патека ми е една од омилените, но за жал времето тука секогаш е непредвидливо. Ајде да видиме дали повторно ќе можеме да имаме добра трка тука.“

Лоренцо, кој го држи рекордот на најмногу победи во MotoGP на патеката во Силверстоун, на прво место завршуваше во сезоните 2010, 2012 и 2013. За разлика од неговиот тимски колега Валентино Роси, Лоренцо не ја проба новата шасија и задна вилушка на тестот кој се оддржа на патеката во Брно.

Back To Top