MotoGP

MotoGP: Лоренцо најдобар на тестот, но нема нова шасија

„Не ми се допадна претходниот чекор. Теоретски, следниот чекор за мене би бил уште полош“ – Хорхе Лоренцо

Следете нè на:

 

Актуелниот светски шампион Хорхе Лоренцо за брзо време заборави на лошиот настап кој го имаше на трката во Брно. На тестот кој следуваше веднаш по трката, тој постигна најдобро време и се најде на врвот на табелата.

Но, за разлика од тимскиот колега Валентино Роси, Шпанецот не ја проба новата шасија.

Лоренцо веднаш изјави дека не добил забрана бидејќи следната сезона ќе настапува за тимот на Ducati.

Лоренцо изјави и дека тој и Роси веќе користат различен дизајн на шасијата, исто како и возачите на Repsol Honda, Марк Маркез и Дани Педроса, а новата шасија е многу поразлична од она што го преферира Лоренцо.

Хорхе Лоренцо

„Имаме различни дизајни на шасијата. Знам дека проба нешто ново со неа, нешто  во негов стил. “

Објаснувањето на Лоренцо има логика, но исто така значи и дека Yamaha веќе нема да прави шасии кои ќе му одговараат на Лоренцо.

Шпанецот беше резервиран во однос на тоа како помина на тестот, но сепак изјави дека има позитивни работи.

„Имав за цел да пробам нови работи и да видам кои ќе ни бидат од корист. Некои се покажаа како добри но некои не. Доброто е што најдовме некои работи кои ќе ни помогнат да бидеме побрзи и компетитивни на следните трки.“

Исто како и Роси, и Лоренцо смета дека има напредок во развојот на новите предни гуми на Michelin. Според него, најдобро за сите би било доколку тие се воведат во текот на оваа сезона.

„Би било одлично ако се случи тоа. Новите пневматици се подобри на испакнати делови и при влегување во свиок.“

Лоренцо, кој заврши на седумнаесетото место на трката во Брно, заостанува 59 поени зад Маркез и му го препушти второто место во генералниот пласман на тимскиот колега Валентино Роси.

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.