„Ја удрив главата и сега ме боли вратот.. Во однос на темпото, во моментов сум брз но исто така сум и загрижен“ – Андреа Довициозо

Незгодниот пад кој го имаш на патеката во Сепанг, го оставија Андреа Довициозо со болки во вратот. Во свиокот број шест, возачот на фабричкиот тим на Ducati загуби контрола над предниот дел од мотоциклот. Поради ова го заврши денот на петнаесетото место со заостанување од 0.770 секунди зад Фабио Куартараро.

„Во тој момент не притискав многу. Само ја отворив гаста но во свиокот број шест загубив контрола над предниот дел“, вели Довициозо. „Падот не беше многу сериозоен но после тоа не можев убаво да дишам а имав болка и во вратот. Се надевам дека наскоро ќе бидам подобар.“

„Довициозо не е сигурен дали падот настанал поради новите пневматици на Michelin или пак направил некаква грешка. Сепак смета дека има проблеми со задното тркало.“

„Малку ми е чудно што ја загубив контролата над предниот дел. Не знам дали е поради сетапот или пак направив некаква грешка. Морам д а ги проверам податоците, дали прерано ја отворив гаста.  Понекогаш е доволно и тоа со пневматиците на Michelin.“

„Начинот на кој работи гумата е чуден во споредба со претходната верзија“, вели Довициозо во однос на новиот пневматик. „Во однос на темпото, брз сум но не ми е удобно. Мислам дека треба да го подобриме сетапот и начинот на кој возам па потоа да се фокусираме на најдоброто време.“

„Балансот на мотоциклот е малку поинаков. Кога го навалувате мотоциклот лесно можете да го загубите контактот со површината. “

 DSC3073 copy copy copy

Довициозо вели и дека воопшто нема да се изненади доколку се открие дека добриот настап на Suzuki и Yamaha се должи на новите пневматици. Возачот на Ducati вели дека не сака прерано да носи никакви заклучоци но признава дека во моментов е загрижен.

„Мислам дека пневматиците им помагаат на мотоциклите кои се подобри на средината на свиокот. Ова е само мое мислење. Не чека уште работа бидејќи не знаеме колкава е разликата во однос на другите тимови.“

„Но мислам дека поради начинот на возење, повеќе им одговара на нив. Но само на трката ќе го видиме конечниот резултат. На тестовите сите се брзи и имаат добро темпо. Но тоа е само тест, реалноста е поинаква.“

„Мислам дека мораме да бидеме фокусирани и да го подобриме чувството. Тоа е нашата цел. “

Како што вели Довициозо, настапот не тестовите не се реална слика.  Во однос на вториот ден од тестовите во Сепанг, Маверик Вињалес  изјави: „Бев најдобар кога беше речиси 2 часот попладне. Секогаш е топло тој период.  Од утрото па се до напладне, однесувањето на мотоциклот  горе—доле е исто. Возевме со гума со средна цврстина, иста со која настапивме на трката минатата година.“

 DSC3054 copy copy

Тимскиот колега на Довициозо, Данило Петручи, кој заврши на тринаесетото место, вели дека во моментов главната цел е да се победат четири цилиндричните машини.

„Ние сме неколку десетинки побавни и тоа е многу. Мораме да најдеме начин како да се подобриме. Вињалес, Ринс и Мир беа многу брзи. Тука секако дека се и Куартараро и Морбидели. Валентино беше исто така добар. Мислам дека сите мотоцикли на Yamaha и Suzuki имаа добар настап. Да не го заборавиме и Марк. “

„Во моментов не знаеме како правилно да ги користиме меките пневматици. Подобри сме со средните.“

 DSC3525

Но иако фабриките возачи имаа одредени проблеми, возачот на Pramac Ducati, Џек Милер имаше одличен настап и се најде на второто место.

„Ова е голема промена и мислам дека гумите се подобри. Мислам дека клучот е во доброто подесување на сетинзите за да одговараат на пневматиците“, вели Милер. „Треба да се најде вистинскиот баланс.“

„На почетокот возевме со постарите гуми но штом ги сменивме се подобрија и резултатите. Мотоциклот е релативно добар и треба да промениме само неколку работи. Сите во тимот работат навистина напорно.“

Back To Top