Фабио Куартараро можеби го имаше најдобриот резултат на MotoGP тестот во Сепанг но тој не беше најбрзиот возач.

Фабио Куартараро имаше најдобар резултат во секој од трите дена за време на тестот во Сепанг. Доколку Гран При трката на Малезија се оддржеше утре, тогаш возачот на Petronas Yamaha сигурно ќе беше фаворит за освојување на пол позицијата.

Но во однос на тоа кој би бил најдобар за време на трката, други двајца возачи се издвојуваа: Маверик Вињалес (Monster Yamaha) и Алекс Ринс (Suzuki).

Двајцата возачи изгледаа особено опасни на долгите делови од патеката и имаа добра брзина во текот на целиот тест.

Еве што имаа да кажат неколку од возачите. Табелата пак го покажува резултатот кој го постигнаа возачите кои подолго време се задржаа на патеката во текот на последниот ден.

Марк Маркез (Repsol Honda): „Доколку го погледнете резултатот ќе забележите дека денеска сите беа брзи. Но Ринс заврши одлична работа. Вињалес исто така беше добар. Тие двајца беа најбрзите возачи на патеката.“

Андреа Довициозо (Ducati): „Од тестот можеме да видиме дека Маверик е навистина брз а на Ринс му е удобно на мотоциклот. Ние не заостануваме многу.“

Франко Морбидели (Petronas Yamaha): „Се чини дека Suzuki и Yamaha се тимовите со кои ќе се бориме? Особено Suzuki.  Но јас и Валентино не извозевме многу кругови.“

Алеш Еспаргаро (Aprilia): „Губев три до четири десетински во борбата со мотоциклите на Ducati. Но и покрај тоа имав добар настап. “

Фабио Куартараро (Petronas Yamaha): „Завршив на првото место но мораме да работиме на темпото бидејќи имав проблеми во тој дел.“

Данило Петручи (Ducati): „Мислам дека Маверик и Марк завршија малку поинаква работи и дека тие ќе бидат меѓу најбрзите возачи. И браќата Еспаргаро се брзо исто така. Да не ги заборавиме и Ринс и Куартараро. Има многу возачи кои можат да постигнат добар резултат а во моментов ние имаме проблем да се носиме со нив.“

Маверик Вињалес (Monster Yamaha): „Имавме добар настап и се чувствувам компетитивен. “

Алекс Ринс(Monster Yamaha): „Во текот на утрото бевме многу брзи но и конзистентни. Сите кругови беа под две минути. Навистина сум среќен од резултатот кој го постигнавме. “

SepangTest LongRuns txt 1 10 02

Back To Top