Најлошата позиција на квалификациите која некогаш ја освоил Валентино Роси беше надополнета со освоеното шеснаесето место по завршувањето на трката во Катар.

Најтешкиот викенд во MотоГП кариерата на Валентино Роси, барем во однос на резултатите, заврши со освојување на шеснаесетото место на трката која во неделата се возеше во Катар.

Откако го освои четвртото место на квалификациите кои се оддржаа минатиот викенд на истата патека, возачот на Petronas Yamaha и пристапи на втората трка со надеж дека е најдено решение на проблемот со задната гума, поради кој заврши на дванаесетото место на првата трка од сезоната.

Но наместо тоа, Италијанецот само еднаш се најде меѓу најбрзите 13 возачи на патеката, откако заврши на деветото место на третиот слободен тренинг. На крајот од квалификациите, тој заврши на 21-то место што претставува негова најлоша позиција откако е дел од премиерната класа.

Самата трка не беше ништо посебна за „Докторот“. Во првиот свиок успеа да напредува 3 позиции но веднаш потоа падна надолу на табелата. После првите осум круга, тој беше на 21-то место.

Роси имаше среќа откако два мотоцикли кои беа пред него се повлекоа од трката а Италијанецот успеа да ги претекне Данило Петручи, Такааки Накагами и Лука Марини. Тоа му овозможи да се искачи на 16-то место а разликата со победникот Фабио Куартараро изнесуваше 14.2 секунди. Возачот на КТМ, Мигел Оливеира, кој го освои последното место кое носи поени, на Роси му бегаше 5 секунди.

rosi qatar txt 1 05 04

Најбрзиот круг кој го постигна Италијанецот беше доволен за да се најде само на 21-то место, иако заостануваше само 0.9 секунди зад најбрзиот возач, Франческо Бањаиа од Ducati.

„Ова не беше добар резултат. Секогаш е тешко кога стартувате од позади иако мојата брзина кој крајот на трката не беше воопшто лоша. Но тоа не беше доволно за да можам да се борам со најдобрите возачи“, вели Роси.

„Со новиот пневматик не бев доволно добар. Сите беа брзи а мотоциклите и возачите беа навистина добри.“

„Очекував малку подобар резултат бидејќи утрово поправивме неколку работи за кои сметавме дека не се во ред. Мислав дека сум доволно брз за да можам да се борам со најдобрите возачи но на крајот тоа се покажа како недоволно. Не освоив поени и ова за мене беше една тешка трка.“

„Треба да го подобриме задниот дел на мотоциклот, особено контактот со површината кога возиме со мека гума. Сите се тркавме со мек пневматик но само јас имав проблеми. Бев побрз во споредба со минатата недела но тоа се покажа како недоволно.“

Времето кое го постигна Роси беше за 1.2 секунди подобро во споредба со минатата недела, но и победничкото време беше за 5 секунди подобро.

rosi qatar txt 2 05 04

42-ве годишниот возач беше многу покомпетитивен додека возеше со тврди пневматици. Една од промените кои беа направени во пресрет на вториот тркачки викенд во Катар, беше враќањето на алуминиумската задна вилушка.

„Ја користев алуминиумската задна вилушка бидејќи имавме многу проблеми со вибрациите на задниот дел. Со алуминиумската вилушка беше малку подобро. Имаше вибрации но можев да ги контролирам“, вели Роси.

„Денеска откривме и нови сетинзи за електрониката. Мислам дека со нив можеме да бидеме подобри но за жал премногу касно ги откривме.“

„Тешко е бидејќи сите возачи и тимови се добри. За само неколку секунди можете да завршите на петнаесетото место. Треба да видиме каква ќе биде ситуацијата на другите патеки, почнувајќи од Портимао, за да видиме дали можеме да бидеме компетитвни.“

Големото трошење на задната гума е чест проблем за Роси во изминативе сезони. Дали со тоа што Yamaha се врати на шасијата која наликува на онаа од 2019 година можеби го направи проблемот поголем?

„Не, мислам дека не е шасијата. Нема голема разлика и мислам дека дури новата шасија е малку и подобра при вртење. Но, тоа не е доволно“, вели Роси.

Патеката во Катар традиционално е добра за Роси а резултатот кој го постигна во 2021-ва е негов најлош досега на оваа патека. Сепак, тој не сака прерано да носи заклучоци во однос на првата Европска трка која ќе се вози во Портимао.

„Секоја година има многу промени, но во секој случај, во Европа има многу патеки кои ми одговараат и се надевам дека кога ќе се вратиме во Европа ќе бидеме подобри“, вели Роси.

Италијанецот и неговиот тимски колега, Франко Морбидели имаа лоши трки во Катар а фабричките возачи победија на двата настапа, најпрво тоа му успеа на Маверик Вињалес а потоа и на Фабио Куартараро.

На првата трка во Лосаил, младиот Французин имаше слични проблеми како и Роси. На последната трка пак успеа од деветото да дојде до првото место.

„Мислам дека Куартараро имаше фантастична трка“, вели Роси. „Овој пат изгледаше како Маверик и Куартараро да ги заменија местата.“

Во меѓувреме, Petronas го освои дванаесетото место на секоја од трките во Катар, најпрво од страна на Роси а потоа и Морбидели.

„Да бидам искрен, навистина сум среќен што ги завршивме овие две трки во Катар. Сега можеме да се фокусираме на анализирање на податоците и да се подготвуваме за трката во Портимао“, вели шефот на тимот, Разлан Разали.

„Ситуацијата е таква каква што е и се надевам дека ќе постигнеме подобри резултати на следната трка. Таа е добра за нас и таму минатата година Франко се искачи на подиумот.“

Back To Top