Жоан Мир смета дека Џек Милер намерно се удрил во него за време на судирот меѓу двајцата возачи кој се случи на патеката во Катар. „Ја заврте главата како да ме виде, потоа продолжи и за малку не се судривме на правецот. Беше многу опасно.“

Актуелниот МотоГП шампион Жоан Мир вели дека бил многу опасен инцидентот кој се случи на правецот меѓу него и Џек Милер и смета дека Австралискиот возач заслужува да биде казнет.

На почетокот на свиокот број 10, Мир го истурка возачот на Ducati а нивната борба траеше во поголемиот дел од трката.

Возачот на Suzuki ја крена ногата во знак на извинување. Како што излегуваа од последниот свиок дојде до контакт меѓу двајцата возачи.

И двајцата ја задржаа контролата но почнаа гневно да гестикулираат меѓу себе на правецот. На крајот, Мир заврши на седмото место додека пак Милер ја освои деветата позиција.

„Свиокот број 10 беше единственото место каде што можев да го претекнам. Ја зазедов десната позиција. Тој одлучи да остане од надворешната страна и ја задржи неговата линија. Малку се допревме.“

„Јасно ми е дека тоа беше опасен маневар но не беше надвор од границата. Потоа ја кренав ногата во знак на извинување бидејќи кога се случува нешто вакво за време на трка сакам да се извинам. “

„Потоа бев широко влезен во последниот свиок. Тогаш го видов Џек. Тој ја сврте главата како да ме виде. Најмногу што можам се доближив до надворешната линија. Тој ми се доближи и се допревме. За малку ќе падневме на правецот. Беше ризично и опасно.“

Quartararo celebrates and Joan Mir hooks up with Miller in

Директорите на трката објавија дека нема да преземат подолнителни рестрикции, но Мир смета дека тоа не бил обичен тркачки инцидент.

„Мислам дека тоа беше намерно. Дефинитивно треба подетално да се истражи. Овие маневри се премногу опасни. Ако беше намерно, како што мислам, тогаш тој заслужува казна. Ако се докаже спротивното, тогаш не треба да се казни. Но јас останувам на ставот дека тој ме виде.“

„Ако имате време, споредете ги сликите меѓу мене и Алеш и мене и Милер. Алеш Еспаргаро влезе премногу широко во последниот свиок. Виде дека јас доаѓам и се мрдна малку кон надворешната страна. И јас го видов него. Не сакав да го удрам туку само ги почитувам останатите возачи.“

„Мислам дека Џек не покажа никаква почит спрема мене во овој случај. Тоа беше истиот маневар но возачите беа различни. Сами можете да пресудите.“

joan mir txt 1

Возачот на Suzuki изјави дека откако неговиот тим ја видел снимката, одлучиле да не поднесат жалба.

Во меѓувреме, Милер има поинаква верзија на инцидентот меѓу двајцата возачи.

„Имаше мали контакти но не беа ништо посебно. Сите видоа што се случи и ние си продолживме со трката после тоа“, вели Австралиецот.

„Пред тој инцидент, мислам дека имаше и други три контакти. Тој ме погледна после трката и јас гледав кон него. Се случи тоа што се случи. Тој влезе премногу широко. Никој не се грижеше кај се наоѓав јас. “

Милер исто така напомена и дека треба да замине на преглед на десната рака и дека е можно е да оди на операција.

„После инцидентот со Мир успеав да притиснам и да ја намалам разликата. Ги возев најдобрите кругови но тогаш ми се појавија проблемите со раката. Не знам зошто се случува тоа бидејќи и минатата недела беше исто. Можеби зависи од патеката или пак од ветрот. Најверојатно ќе направиме дополнителни тестови во текот на неделата“, вели возачот со број 43.

jack mille txt 2

„Ако треба да се направи операција, таа мора да се изврши веднаш. Не сакам да имам уште една ваква трка. Се чуствував добро се до последните 4 круга кога веќе не можев да ја чуствувам раката и не можев добро да притискам на сопирачката.“

„Завршивме 5 секунди зад победникот и веројатно загубивме 2 секунди после инцидентот со Мир. “

Актуелниот шампион во моментов е на шестото место во генералниот пласман и заостанува 18 поени зад лидерот Јохан Зарко. Џек Милер се наоѓа на деветата позиција со заостанување од 26 бодови зад лидерот на табелата.

Back To Top