MotoGP

MotoGP: Довициозо победи на последната трка за сезоната 2018

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо успеа да победи на последната трка од MotoGP сезоната 2018 која се возеше на патеката во Валенсија. На крајот тој заврши пред Алекс Ринс и Пол Еспаргаро. За Шпанецот ова беше прво искачување на подиумот но исто така и прв подиум за неговиот тим КТМ. Трката ја одбележа појавувањето на црвеното знаме како и повторниот старт поради силниот дожд. Голем број на возачи, меѓу кои и Марк Маркез, Маверик Вињалес и Валентино Роси, излетаа надвор од патеката.

dovi valensiaАндреа Довициозо

На првиот старт, Ринс за кусо време успеа да направи предност. Долждот врнеше но не беше премногу силен. Условите за возење на патеката беа тешки, а некои од возачите кои се специјалисти за вакви услови, излетаа надвор. Меѓу нив беа Маркез и Вињалес. Пол Еспаргаро, и покрај тоа што имаше добар старт, сепак се најде надвор од патеката. За среќа, тој веднаш испеа да се врати. Неговиот брат, Алеш Еспаргаро како и Џек Милер, Данило Петручи и Андреа Ианоне исто така се најдоа надвор од патеката. За жал тие не успеаа повторно да се вратат. Што се случуваше со Роси? Во овој дел од трката, тој беше се побрз.

После одреден период дождот се засили и патеката не можеше да се справи со големото количество на вода. Тогаш се појави црвеното знаме. После прекинот беше одлучено да се извозат и останатите 14 круга. Распоредот на возачите на стартот беше ист како и кога беше одлучено да запре трката. Ринс беше прв, Довициозо, втор, Роси беше трет, а Дани Педроса, за кого ова беше последна трка, се најде на четвртата позиција.

По стартот на трката, сите 16 возачи успешно се справуваа со првите неколку свиоци. Довициозо успеа да ја искористи предноста на неговиот мотоцикл и веќе во вториот круг го претекна Ринс. Веднаш зад нив се наоѓаше Роси. Тројцата возачи за кратко време направија предност во однос на четврто-пласираниот Еспаргаро. Педроса беше веднаш зад него на петата позиција.

Набрзо потоа дождот повторно се засили, а условите за возење беа неверојатно тешки. Сепак, првите тројца возачи продолжија да ја зголемуваат предноста која веќе достигна две секунди во однос на останатите натпреварувачи.

Во шестиот круг, Довициозо успеа да направи предност од 1 секунда во однос на Ринс. Веднаш потоа следуваше уште еден најбрз круг на Довициозо, а Роси во свиокот број четири, успеа да го претекне Ринс. Сепак, на шест круга до крајот на трката, разликата меѓу возачите изнесуваше 2.4 секунди, а еден круг подоцна, таа се искачи на три секунди. Потоа повторно следуваше драма на патеката. Роси се лизна и излета надвор, а Еспаргаро и КТМ успеаа да дојдат до место на подиумот.

На почетокот на последниот круг разликата на Довициозо во однос на Ринс изнесуваше четири секунди и двајцата возачи успеаа безбедно да стигнат до крајната линија. За Италијанецот ова беше прва победа од трката во Мизано. За Ринс пак ова беше петти подиум оваа сезона и годината ја заврши на петата позиција на табелата. Еспаргаро успеа да се одбрани од нападите на Микеле Пиро и да дојде до првиот подиум за него но и за неговиот тим. После тешката година која ја имавме, овој успех е неверојатен, ќе изјави подоцна Еспаргаро.

Веднаш зад него и зад Пиро се најде новата MotoGP легенда, Дани Педроса. На последната трка која ја возеше на домашен терен успеа да дојде до петото место и и помогна на Repsol Honda да дојде до тројната круна. Веднаш зад три-кратниот шампион се најде уште еден возач на Honda, Такааки Накагами. За Јапонскиот возач ова беше најдобар пласман во кариерата. Јоан Зарко, кој заврши на седмото место е најдобриот независен возач оваа година. Французинот успеа да се одбрани од нападите на Бредли Смит за кого ова беше последен настап во тимот на КТМ.

Неговата замена, Штефан Брадл ја заврши трката на деветото место, а Хафиз Сиахрин ги заокружи првите десет позиции. Во својот последен Гран При настап, Скот Рединг успеа да дојде до единаесетата позиција. Хорхе Лоренцо, за кого ова исто така е последен настап во тимот на Ducati, трката ја заврши на дванаесетото место. Роси заврши на тринаесетата позиција, а Карел Абрахам и Жорди Торес ги освоија последните места кои носат поени. Во својата последна Гран При трка, Алваро Баутиста излета надвор од патеката.

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.