(Време на читање: 1 - 2 минути)


Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

Неговата кариера започна во 2001 година во 125 Светскиот Шампионат. Како дебитант, тој стигна до две победи а сезоната ја заврши на осмата позиција. Следната година стигна до три победи а сезоната ја заврши на третата позиција. Следната година постигна пет победи и успеа да ја освои титулата.

Откако успеа да стигне до третото место во однос на најмногу освоени места на подиумот, веднаш зад Валентино Роси и Џакомо Агостини, Педроса одлучи да се повлече од натпреварувањето по завршувањето на сезоната 2018.

pederosa 002

„Очигледно, ова е многу емоционален момент. Воопшто не се надевате на нешто вакво кога сте дете. Сега ова ми делува помалку чудно но навистина сум среќен бидејќи чувствував голема поддршка од фановите како и од сите членови на екипата. “

„Чувствувам дека MotoGP ми пружи многу и научив многу работи благодарение на серијата. Кога јас почнав имаше многу возачи кои стигнуваа до победа или пак го освојуваа шампионатот. Ова е добро, бидејќи на некој начин ние ги отворивме вратите за новата генерација на возачи.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: