MotoGP

Moto3: Дебитантот Онку влезе во историјата како најмлад победник

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Следете нè на:

 

Стигнувајќи до својата прва победа во првиот настап, 15 годишниот Турски возач е најмладот Гран При победник. Тој исто така е првиот возач после Нобуру Уеда кој успеал да стигне до победа во својот прв настап. Ако и ова не е доволно, тогаш ќе ви кажеме и дека до победата успеа да дојде во голем стил. Целната линија ја помина со предност од 4 секунди во однос на актуелниот шампион Хорхе Мартин и дополнителни две секунди во однос на третопласираниот Џон МекФи.

cw1 8419

Трката започна одлично за Тони Арболино кој беше на првото место, а веднаш зад него беа Марко Беѕеки и Онку. Набрзо Турскиот возач почна да ја загрозува позицијата на Беѕеки, а Арболино на влажните услови на патеката правеше се поголема предност. Потоа поранешниот претендент за титулата се лизна и излета надвор од патеката. Сега Арболино имаше предност од 2 секунди во однос на Онку.

МекФи беше на третото место, а веднаш зад него се најдоа Фабио Ди Џианантонио и Мартин. Возачите на Gresini успеаа да го претекнат Шкотланѓанецот, но триото возачи остана блиску. Набргу потоа повторно имаше интересен момент на патеката. Арболино, иако на моменти имаше предност и од шест секунди, се најде надвор од патеката. Кој дојде на првото место тогаш? Дебитантот Онку кој набрзо потоа почна да ја зголемува предноста во однос на останатите возачи.

Мартин го претекна Дигиа, а МекФи следуваше веднаш по него. Разликата која ја имаш Турскиот возач во однос на останатите само се зголемуваше. Сите во гаражата на Red Bull KTM Ajo нервозно и нестрпливо го очекуваа крајот на трката. Онку беше сигурен во себе се до последниот круг.

Поранешниот шампион на Red Bull MotoGP дебитанскиот куп направи грешка но сепак имаше доволно време за да се опорави. На крајот тој ја помина целната линија со предност од 4 секунди.

Мартин трката ја заврши на второто место, а МекФи беше трет. Дигиа ја заврши сезоната и неговата Moto3 кариера на четвртото место, а Енеа Бастиани беше петти. Хуаме Масиа го заокружи освојувањето на титулата „Дебитант на годината“ со освојување на шестото место. Неговиот главен ривал за наградата, Денис Фоџиа, не ја заврши трката. Николо Антонели беше седми, а Накарин Атиратхувапат заврши како осми што воедно е и негова најдобар пласман.Маркос Рамирез и Целестино Виети ги заокружија првите десет места.

Тацуси Сузуки, Арон Канет, Лоренцо Дала Порта и Дерин Биндер излетаа надвор од патеката. Безеки ја заврши кариерата во лесната класа со два пада, а неговиот тимски колега, Јакуб Корнфеил исто така излета надвор но за среќа подоцна успеа да се врати на трката. На крајот, тој го освои петнаесетото место.

moto3 1

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.