MotoGP

Ерата на Маркез го промени MotoGP

„Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме“ – Данило Петручи.

Следете нè на:

„Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме“ – Данило Петручи.

Со освоени шест титули во само седум сезони, во моментов владее ерата на Марк Маркез. Но, резултатите кажуваат само половина од приказната.

Маркез исто така го промени и начинот на кој возачите настапуваат со нивните MotoGP мотоцикли а Данило Петручи направи една интересна споредба меѓу Шпанецот и Кени Робертс.

Робертс (светски шампион во сезоните 1978,1979 и 1980) е првиот возач кој со коленото почна да го допира асфалтот. Оваа техника денеска е синоним за мото трките. Во меѓувреме, Маркез со лактот ја допира површината и се обидува да оди до самиот лимит .

Маркез е првиот возач после Робертс кој успеал да стигне до титулата уште во својата дебитанска сезона. Исто како и Робертс кој настапуваше за Yamaha, Маркез целата кариера ја помина во Honda. Во текот на изминативе сезони, тој настапуваше со пневматици кои имаат различни карактеристики, најпрво со гумите на Bridgestone а потоа и на Michelin.

 DSC3631 copy copy

Во изминативе три сезони, тимскиот колега на Петручи, Андреа Довициозо е главен ривал на Шпанецот. Двајцата возачи на Ducati докрај се бореа изминатава сезона.

„Маркез се бореше сам а јас и Андреа бевме заедно во борбата за титулата кај тимовите“, вели Петручи.

Титулите освоени кај констрикторите и тимовите уште повеќе го потврдува авторитетот на Маркез во овој спорт. Да не заборавиме и на спектакуларниот стил на возење.

„Марк секогаш оди до самиот лимит“, изјави Петручи. „Се чувствувам гордо што имам можност да се тркам со него но и со Лоренцо, Роси Дани, Кејси. Овие луѓе порано ги гледав само на телевизија. Понекогаш успевав да ги победам, но секогаш го имав тоа мислење дека тие се вистински шампиони.“

„Во однос на Марк, се уште не може да ни стане јасно дека на еден начин тој го менува натпреварувањето. “

 DSC3637 copy copy copy

„ Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме. “

„Неговото тело секогаш е поблиску до асфалтот во споредба со останатите возачи“, смета Италијанецот.

„Сум видел многу слики како успева да се спаси и да не падне. Сметам дека тоа е така бидејќи кога ќе го навали мотоциклот, тој се соединува со него. Доколку го погледнете неговото возење од напред, ќе видите дека тој прв ги спушта лактот и коленото.“

„Можете да се обидете и да го копирате но тоа нема да ви биде природно. Тој е секогаш поблиску до асфалтот и знае брзо да изреагира доколку забележи дека има некаков проблем. Многупати сме го виделе како се спасува да не падне и сметам дека токму тоа е причината.“

„Неверојатно е колку многу пати успеа да се спаси. Мислам дека ако само половина од сите обиди му беа успешни, немаше да има толку многу титули.“

 DSC4236 copy

Останува да видиме дали техниката на Маркез ќе биде прифатена од новата генерација на возачи. Сигурно голем број на возачи помислуваат на тоа што би се случило доколку го немаше Маркез. Петручи сепак вели дека е горд што успеал да стигне до единствената победа во директна борба со Шпанецот.

„Дури и кога сте многу брз а Маркез има проблеми, тој ќе се обиде да ве победи. Понекогаш се чувствував тажно кога имав најбрз круг а Маркез успеваше да ме победи. Но тоа е тркањето, вели Петручи.“

„Јас сум еден од возачите кои успеаа да го победат минатата година. Добро е кога се натпреварувате против возачи кои имаат силно влијание врз серијата. Нешто слично беше и со Роси.“

„За жал поголемиот дел од неговата ера ја гледав на телевизија бидејќи кога се приклучив на MotoGP во 2012 година, тој почна да се соочува со проблеми.“

„Ги почитувам возачите како што се Валентино, Марк, Кејси, Дани, Андреа и Хорхе бидејќи знам колку е тешко да се вози MotoGP мотоцикл, колку е тешко да се победи на една трка и колку е само тешко да се биде дел од борбата за титулата.“

„Имам голем респект за сите овие возачи.“

Петручи повторно ќе се врати на патеката за време на тестот во Сепанг на почетокот на февруари.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Започна одбројувањето до петтото издание на Distinguished Gentleman’s Ride, настан кој ќе се одржи на 27-ми септември.

Викендов се вози 8-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин повторно ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

По шест извозени трки во МотоГП шампионатот Андреа Довициозо е на чело на табелата со 76 освоени бодови.

Викендов се вози 7-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Во продолжение ќе ги најдете информациите за Австриската патека како и распоред за следење на МотоГП трката.

Пристигнаа првите информации од МФМ за годинешното 29-то по ред мото рели Македонија - Независност 2020.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.