MotoGP

MotoGP: Џиџи: Време е да се преиспита комбинираната тежина на возачот и мотоциклот

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

Следете нè на:

 

Генералниот менаџер на Ducati Corse, Џиџи Дал’Игна, смета дека сега откако од трките се повлече Дани Педроса, треба повторно да се размисли за минималната комбинирана тежина која би можеле да ја имаат возачот и мотоциклот.Во моментов, минималната тежина од 157 килограми се однесува само на мотоциклот а тоа ги приморува возачите да имаат што е можно помала тежина за мотоциклот да има подобри перформанси. Но со оглед на разликата во висината на возачите, секогаш ќе постои и различна тежина. Педроса беше најлесниот возач на патеката со само 51 килограм и висина од 160 сантиметри. Во споредба со него, новиот возач на Ducati, Данило Петручи има 78 килограми а е висок 181 сантиметар. За да се справат со недостатоците кои ги маат повисоките возачи, Moto2 и Moto3 сериите веќе имаат таква комбинирана тежина.Најлесните возачи мораат да стават одредени додатоци на својот мотоцикл со што би се зголемила стабилноста. Но ситуацијата е покомплицирана во MotoGP каде што е потребна поголема сила да се контролира мотоциклот кој има и до 300 коњски сили.

gigi rething weight 2

Иако многумина возачи му завидуваа на Педроса за леснотијата со која забрзуваше при излегување од свиокот, тој мораше да вложи многу поголем напор при сопирање или пак при менување на правецот. „Немав никаква контрола над пневматиците“, изјави Педроса по завршување на квалификациската сесија на влажната патека во Асен во 2017 година. „Денеска мислам дека ниту еден возач нема да се пожали бидејќи сум премногу слаб.“

Алберто Пуиг пак смета дека на Шпанецот ќе му беше многу полесно доколку имаше иста телесна градба како и останатите возачи. „Тој вложува многу поголем напор бидејќи е помал од останатите“, изјави Пуиг. „Ова, според мене, е најтешкото нешто со кое треба да се справи.Но тој покажа добри резултати благодарение на неговата техника и потенцијал. Мислам дека ова е многу импресивно.“

„Возачите сами потврдуваат дека има предности но и недостатоци ако си премногу лесен“,  вели шефот на Yamaha, Лин Џарвис. „Можеби имаш поголема брзина но потешко ти е да се справиш со мотоциклот. Ние имаме двајца возачи кои имаат различна висина и тежина (Валентино Роси е висок 181 сантиметар и тежи 69 килограми а Маверик Вињалес е висок 171 сантиметар и има тежина од 64 килограми). Има предности но и недостатоци. Начинот на кој се справуваат со пневматиците, положбата на возење“, додава Џарвис. „Но мислам дека секој производител лесно може да се прилагоди на тоа. Не верувам дека во MotoGP треба да има комбинирана минимална тежина.“

Сепак Дал’Игна смета дека сега откако Педроса ја напушти серијата,правилото треба да се промени. „Искрено, во минатото беше навистина тешко да се зборува за ова, бидејќи ако имаше вакво правило тоа сигурно најмногу ќе се одрази на Педроса. Но можеби сега е време повторно да се размисли за целата ситуација.“

И покрај различните пневматици кои ги обезбедува Michelin секој викенд, невозможно е сите да бидат задоволни. „Можеби во минатото не беше така, но денеска во MotoGP, со овие пневматици, тежината е еден од проблемите со кои треба да се справиш. Сметам дека ова би био фер правило.“

Петручи пак смета дека во текот на целата зезона, неговата тежина многу малку му помага, можеби во само 20% од случаите. „На некои трки, особено кога е многу топло, имам голем проблем,“ вели Италијанецот. Тој ги започна пред сезонските тестови значително ослабнат поради диетата на која мораше да се подложи. Петручи смета дека тоа е премногу бидејќи сега нема доволно сила да се справи со мотоциклот.

„Минатата година држев диета која ме направи многу слаб на првите тестови, но оваа година сакам да пробам нешто друго за да дојдам на трката во Катар во одлична форма. Мојата цел е да бидам добро спремен и да бидам полесен“,  изјави Петручи пред да започне со зимските тестови.

„Оваа зима ќе работам со Довициозо.Тој следи друга програма која што ќе ја пробам и јас.Тоа е еднственото кое можам да го направам.Имам една шанса да се докажам и ќе го следам неговото искуство.“

Шансата за која зборува Петручи е едно годишниот договор кој го има со тимот на Ducati. А со оглед на тоа дека мали се шансите да има некаква промена во пресрет на следната сезона, тој ќе мора да се избори за продолжување на договоро под условите кои важат во моментов. „Данило имаше одлични трки во минатото и затоа мислам дека тој има голем потенцијал,“ изјави Дал’Игна. Поранешниот возач на тимот, Хорхе Лоренцо е висок 171 сантиметар и тежи 65 килограми додека пак Андреа Довициозо има тежина од 67 килограми.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Валентино Роси вели дека нема причина за загриженост околу неговата иднина во Премиерната класа и покрај тоа што го имаше можеби најлошиот викенд во неговата 23 годишна кариера.

Нашите извори од MotoGP гаражите откриваат дека би можело да има големи промени на патеката во сезоната 2020.

Кога дојде поканата за присуство на презентацијата на двата мотоцикли на Honda, CB650R и CBR650R, навистина бев заинтересиран да отидам. На хартија, моделот 650 изгледа како еден од најпотценетите модели но навистина сакав самиот да проценам дали тоа е вистина или не.

Откако Данило Петручи победи на трката во Муџело, Џек Милер вели дека би бил среќен доколку остане дел од тимот и во 2020 година.

Дали затворањето на визирот на вашата кацига го прави воздухот што го дишете опасен?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.