„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

Дани Педроса реагираше на прашањето кое го постави неговиот поранешен личен и тимски менаџер, Алберто Пуиг, кој ја доведе во прашање неговата желба да биде шампион во MotoGP серијата.

Тоа беше кажано во интервјуто кое Пуиг го имаше за lavanguardia.com. Во него, тој вели дека оваа сезона Дани Педроса е поинаков. На прашањето што му недостасува, Пуиг изјави дека доколку сакал да биде шампион, има некои работи кои не ги направил. „Во животот никој ништо не ви дава. Има други возачи кои многу повеќе ја посакуваат титулата.“

Педроса одговори на својата Фејсбук страна. Вели дека е разочаран од реакцијата на Пуиг бидејќи секогаш го давал најдоброто од себе. Тој ги отфрли сомневањата дека не ја сака доволно титулата и го праша Пуиг зошто ваквите коментари не му ги кажал лично додека беа дел од ист тим.

Пуиг беше тесно поврзан со стартот и со крајот на тркачката кариера на Педроса. Тој го пронајде младиот Шпанец  додека  беше  дел од Movistar купот и беше заедно со него во походот кон титулите во класите од 125cc и 250cc. Сепак, тој не успеа да дојде до титулата во MotoGP шампионатот а на три пати, 2007, 2010 и 2012 година, завршуваше на второто место.

По завршувањето на сезоната 2013, Педроса ја прекина соработката со Пуиг. Двајцата подоцна повторно соработуваа но овој пат под поинакви услови откако кон крајот на минатата сезона, Repsol Honda го ангажираше Пуиг да биде нов тимски менаџер.

Тој имаше главна улога во потпишувањето на договор со Хорхе Лоренцо кој треба да му биде нов тимски колега на Маркез. Педроса, кој одби да потпише договор со Sepang Yamaha одлучи да замине во пензија.

Нивниот однос во јавноста беше добар, Педроса дури доби и два мотоцикли на Honda за време на прославата на „Денот на благодарноста на тимот“, но фактот дека тој одлучи да биде нов тест возач на КТМ наместо на Honda, сугерира дека нешто се случува во позадина.

Пуиг за Маркез, Лоренцо и Роси

За време на интервјуто, Пуиг исто така зборуваше за екипата која сега се состои од Маркез и Лоренцо и за која многумина сметаат дека е дрим-тим. Овие двајца возачи успеаа да освојат 7 титули од 2010 година па се досега.

Пуиг воопшто не се надева ниту пак смета дека овие двајца возачи ќе имаат добра соработка. Голем дел од тимските менаџери барат возачи кои ќе имаат добар однос. „Јас сметам дека тоа е погрешно. Така тие никогаш нема ништо да освојат.“

Наместо тоа , тој го прифаќа ривалството помеѓу возачите, велејќи притоа дека ја цени храброста на Лоренцо кој го прифатил ризикот да дојде во овој тим и дека тоа зборува многу за него.

Сепак, вели дека очекува од Маркез да одговори на овој предизвик. „Ако Лоренцо се адаптира на мотоциклот, тој ќе биде многу брз.  А тоа ќе го подобри и целиот тим. Во последните неколку години Марк и немаше некоја голема конкуренција во тимот. Дани никогаш не се обиде да го победи. Ако има брз возач покрај себе, Марк ќе најде начин да биде уште подобар .“

pedrosa unhappy 2

Од Пуиг беше побарано и да даде свој коментар за ривалството помеѓу Роси и Маркез кое повторно се појави на неговата втора трка како тимски менаџер.

„Во ниту еден момент немам забележано Маркез да сака намерно да му наштети на Роси. Сето она што се случи беше само обичен тркачки инцидент. Го почитувам Роси, но во животот секој има свој момент. Без разлика дали му се допаѓа или не на некој ова, Маркез е број еден. “

„Маркез воопшто не се грижи за сето она што го зборуваат во тимот на Роси. Дури е и сосема спротивно, ние сметаме дека тоа е негова слабост. “

Back To Top