Карел Абрахам ќе премине од тимот на Aspar во тимот на Ducati во сезоната 2019.

Во новата сезона, наместо со GP16 Ducati, тој ќе настапува со две години поновиот GP18. Иако сè уште не е официјално потврдено, Чешкиот возач најверојатно ќе го замени Белгиецот Ксавиер Симеон. Тимот најверојатно ќе го задржи Тито Рабат.

karel abraham aspar team motogp 02argentina 170

Абрахам досега имаше тежок настап со GP16. Многумина сметаат дека овој мотоцикл е исклучително тежок за возење. Дизајниран да ги користи револуционерните аеродинамични додатоци кои подоцна поради промена на правилата беа отстранети, Абрахам се надева дека преминот на GP18 ќе му помогне да се врати во препознатливата форма која ја имаше во 2017 година.

„Навистина сум среќен што и во следната сезона ќе бидам дел од MotoGP. Би сакал да им се заблагодарам на сите во тимот на Reale Avintia Racing за оваа можност. Договорот го потпишавме во Силверстоун бидејќи за мене беше многу важно да го финализираме секој дел од договорот со цел да имаме што е можно покомпетитивна машина. За ова да се оствари допринесе и помошта која ја добивме од Луиџи Далиња и Паоло Чиабати од Ducati. Од голема важност е дека ќе биде Ducati GP18 кој ќе ги има најновите спецификации. Благодарение на ова сметам дека ќе имаме навистина добри резултати и веќе со нетрпение чекам да почне новата сезона.“

Преминот на GP18 машина доаѓа откако тимот на Aspar следната сезона нема да биде дел од шампионатот. Потписот на Абрахам се чини дека го остави Симеон без тим за следната сезона. Постојат шпекулации дека Белгиецот преговара со неколку тимови кои се дел од помалите класи, пред се MotoE електричната серија.

Back To Top