MotoGP

MotoE: Сакаме брзина во текот на целата трка

„Сакаме голема моќност од самиот почеток да се до крајот, без разлика на тоа кој вози“ – Николас Губерт, MotoE

Следете нè на:

 

Николас Губерт, извршниот директор на новата MotoE серија, вети дека новите електрични мотоцикли ќе бидат брзи од самиот старт па се до крајот на трката  за време на првата сезона од оваа нова серија.

Мониторирањето на издржливоста на батеријата е еден од најголемите предизвици кој ги опкружува оваа нова генерација на електрични машини.

Но со оглед на тое дека голем број од ривалите на MotoE се натпреваруваат со истите Energica мотоцикли, веќе се знае колкаво растојание тие можат да поминат и затоа капацитетот на батеријата веќе е елиминиран од целата равенка.

„Секако дека сакаме голема моќност од самиот почеток да се до крајот, без разлика на тоа кој вози “ , изјави Губерт.

„Нема сите да ја користат истата енергија но сакаме да бидеме сигурни дека растојанието кое ќе треба да го поминат е доволно за тимовите да немаат проблем со батеријата. Во моментов имаме само двајца тест возачи според кои се ориентираме, но ако возачите кои се дел од серијата ни дадат поинакви информации, тогаш ќе направиме промени за да се осигураме дека тимовите ќе имаат се што им е потребно.“

„Не сакаме возачите да можат да ја контролираат моќноста или пак да најдат поинаков начин на возење.“

motoe 2019 2

Најдоброто време кое го постигна Бредли Смит за време на првиот тест од оваа серија беше 1 минута 50.265 секунди.

Тоа беше за неколку секунди побавно од најдоброто време кое го има поставено возач од Moto3 серијата но Губерт предвидува дека MotoE машините кои имаат 160 коњски сили и максимална брзина од 270 километри на час, ќе бидат ривали на мотоциклите кои се дел од 250cc категоријата.

„Во споредба со резултатите од другите категории, најдобриот резултат го постигнавме на патеката во Австрија, која е навистина брза. После 45 минутен тест, Лорис Капироси имаше време кое е за 0.5 секунди побавно од рекордот во Moto3 серијата.  Затоа мислам дека на оваа патека возачите ќе бидат изедначени со нивните колеги од Moto3“, вели Губерт.

„Сепак ќе биде поинаку на патеките каде што има повеќе свиоци. Тоа е така поради тежината како и неможноста доволно да се искористи максималната брзина. Во моментов тешко е да се каже колкава ќе биде разликата.“

„Најпозитивната работа на тестот во Херез беше реакцијата на возачите. Сите тие изјавија дека мотоциклот функционира совршено и дека немаше никакви проблеми, освен временските услови, се разбира!“

„Секој пат кога им ја дававме на MotoGP возачите да ја пробаат продукциската верзија, тие велеа дека мотоциклот е многу лесен за возење. Мислам дека ова е позитивно бидејќи тие ќе можат да го користат сопствениот стил на возење.Иако има разлика, сепак таа не е толку голема.“

„Максималната брзина е голема бидејќи мотоциклот има голема моќност но исто така и добро забрзување. Се сеќавам кога Ренди де Пуние кој возеше со овој мотоцикл на патеката во Ле Ман ми рече: Не сакам да ти кажам дека мотоциклот е лесен, но во споредба со мотоциклот кој го користам во Endurance серијата, не постои голема разлика. “

„Секако, нема менувач кај овие мотоцикли но би можело да се каже и дека во MotoGP речиси се е автоматско.“

motoe 2019 3

Во однос на подготовката на мотоциклите секој викенд, Губерт вели дека тоа ќе биде помалку комплицирано во споредба со MotoGP бидејќи тие ќе поминат помалку време на патеката, само две сесии по 30 минути во петок. Квалификациската сесија ќе се оддржи во сабота а во недела е трката.

„Тие ќе треба да внимаваат на суспензијата, двата дела за преносот на моќта, моторното сопирање како и електричната задна кочница. Во однос на времето кое го имаме, мислам дека ова ќе биде доволно. “

Michelin, компанијата каде што Губерт работеше во минатото ќе ги снабдува тимовите со пневматици.

„Овој мотоцикл ви го дава истото чувство како и секој друг, бензински мотоцикл“, вели Смит. „Возев еден мотоцикл и лесно можете да се справите со него. Мапирањето е добро како на влажни така и на суви услови.“

„Energica вложи голем напор за да може лесно да се контролира преносот на моќта“, потврди Губерт. „Кај електричните мотоцикли има голем број на вртежи и ако не си внимателен, тогаш мотоциклот ќе биде многу тежок за возење.“

„ Energica заврши одлична работа. Кога Лорис тестираше за нас, рече дека мотоциклот многу лесно може да се навали и можеш многу да се забавуваш со него. Еднаш го прашав Лорис и нашиот тест возач дали може да се натпреваруваат и да се обидат да се претекнат еден со друг. После возењето двајцата се вратија со голема насмевка на нивните лица. Ни кажаа детално да ја прегледаме патеката бидејќи сигурно има црни делови од кочењето.“

Со оглед на тоа дека мотоциклот нема кумплуг, Смит беше еден од возачите кој праша дали задната сопирачка би можела да се префрли на левата рачка.

„Во моментов се уште се разговара околу тоа. Тоа не ни беше првичната идеја но ќе видиме што ќе се случи до почетокот на сезоната. Во Март уште еднаш ќе разговараме за ова и ако сите возачи се сложуваат тогаш би можеле да направиме промена,“ вели Губерт.

Во однос на настапот на мотоциклот на патеката во Херез, единствениот проблем кој го забележаа возачите беше тоа дека на батеријата и е потребно постојано ладење.

„Тоа беше единствениот проблем бидејќи се обидовме да извозиме што е можно повеќе кругови. На пример, во петокот имавме три сесии и сите беа блиску една до друга“, изјави Губерт.

„Кога ја користиш батеријата на патеката, температурата се зголемува. Ако ја смениш нагло, како што направивме ние, тогаш температурата продолжува да расте. “

„Но сигурни сме дека следната година ќе имаме доволно време да ја промениме батеријата и таа да се олади пред повторно да почнеме да возиме. Затоа ова не не загрижува премногу. Секој тим ќе има посебна опрема за ладење, но искрено кажано, ќе ја користиме само во петок, помеѓу сесиите.“

Првиот MotoE тест за сезоната 2019 ќе се оддржи на патеката во Херез помеѓу 13-ти и 15-ти Март и помеѓу 23-ти и 25-ти Април. Првата трка ќе се оддржи за време на Гран При викендот во Шпанија на 5-ти Мај.

Би можело да ве интересира

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.