Дебитантот во MotoGP, Мигел Оливеира имаше чест прв да вози низ новиот, 8.3 километри долг тунел кој ги поврзува Грац и Шпилберг – местото каде што се наоѓа Red Bull Ring.

Новата ѕвезда во серијата беше поканет да вози со својот KTM RC16 MotoGP мотоцикл низ тунелот пред тој и официјално да биде пуштен во употреба.

Звукот на овој мотоцикл, кој се одбиваше од ѕидовите на тунелот, беше неверојатен да се слушне а исто така прекрасно беше да се види и како мотоциклот забрзува  внатре во тунелот.

Austrian tunnel 2

Откако се вратија во Премиерната класа во 2017 година, тимот за прв пат успеа да се искачи на подиумот на последната трка во минатата сезона благодарение на Пол Еспаргаро.

Back To Top