И додека Pecco на секоја трка се бори за намалување на дефицитот кој го набилда со слабиот почеток на оваа сезона, дополнителна главоболка му задава идниот тимски колега Bastianini.

23 enea bastianini 63 francesco bagnaia ds 3289.gallery full top lg copy

Прво да му се заблагодариме на Andrea Dovizioso за преубавите трки и дуели кои ни ги понуди низ неговата кариера, за да ни го направи овој спорт токму онаков каков што го сакаме, возбудлив и непредвидлив до последен момент. Ова беше неговата последна трка, и со право се повлекува пред време затоа што не може повеќе да ни го понуди она на што сме навикнати од него. Едноставно времето си го прави своето и Dovi реши да стави крај на неговото време во MotoGP, барем како професонален возач, онака гордо и елегантно како што беше и неговото возење на патеката. Не познаваме од негова страна неспортско однесување на патеката и вон неа, и секако ќе го памтиме како џентлмен кој не дозволи да го извади од кожа ниту упорниот Marc Marquez со нападите на граница на толерантност. И веројатно токму затоа ќе остане запамтен како Desmo Dovi возач на Ducati, кој по Casey Stoner е најуспешниот возач на тимот од Болоња. Барем засега. Иако се пензионира со Yamaha, а и заминувањето од Италијанскиот тим не беше баш по желба на Dovi, сепак и тој е свесен дека неговиот поранешен тим направил тешко, но исправна одлука и дека, како и секогаш, светот останува на помладите. Инаку во бројки вака изгелда неговата кариера која се протега во период од 21 година, во која освои една возачка титула во 2004 година во класата 125, со вкупно 24 победи во сите класи, 103 подиуми и извозени 346 трки. 04 andrea doviziosodsc00074.gallery full top lg

Доколку со неговиот иден професионален ангажман сепак остане во MotoGP како консултант или менџер, ќе биде од огромно значење за спортот. #GrazieDovi

MotoGP 

А поранешниот тим на Dovi дефинитивно останува во сигурни раце. По пол позицијата која ја освои нивниот возач Miller, и водството кое не го испушташе Pecco пред уште едно Ducati во рацете на Enea, како и четвртото место на Marini, навистина нема што повеќе да се посака. ОК, можеби титулата кај возачите е нешто што не можат да го освојат Италијаните уште од 2007-ма година, но оваа година нема да им избега титулата кај конструкторите, а веројанто и во конкуренција на тимови. Кај возачите е малку покомплицирано. Иако по почетните главоболки со непредвидливиот Desmosedici GP’22, а потоа и со падовите на Pecco кој се обидуваше да го компензира дефицитот со ризично возење и паѓаше на преголем број на трки, сега некако профункционира комбинацијата и славеше викендов четврт пат во низ! Тоа до сега му успеа на мал број на возачи, а последен пат во Ducati само на Stoner. И ако вака звучи лесно и идилично, оваа победа му е веројанто една од најтешките до сега. Разликата меѓу него и второпласираниот Enea се неверојатни 0.034 секунди! А ако сакате да го знаете темпото на последите кругови кои обично се возат на потрошени гуми на крај од викендот кога се веќе потрошени и сите резерви на сила кај возачите, ќе го наведеме времето на пол позиција на Miller од 01'31.8990 минути, и на најбрзиот круг во трка на Enea Bastianini од 01'31.8680 постигнат во последниот 27-ми круг!!? Ова беше за очекување откако на почетокот овие двајца се одвоија на врвот на поредокот, заедно со Maverick VInales на втората позиција. Иако се обидуваше возачот на Aprilia да нападне на првата позиција, се чинеше дека Pecco има цврста контрола над ситуацијата и не дозволи да му ја одземе победата. Откако почна да слабеат нападите и темпото на Шпанецот, на ред дојде идниот тимски колега кој е познат по доброто темпо на крајот од трка како последица на доброто менаџирање на пневматиците во текот на трката. И “гризеше” од сите страни во негов стил, и веројатно се надеваше на евентуална реприза од трката во Франција во која успеа прописно да го надвози постариот колега и да му изнуди грешка. Овој пат Pecco беше на висина на задачата и си ја заврши домашната трка во негова полза. Ова не беше само борба за победа на оваа трка или за титулата, (како да има нешто поважно од тоа?!) туку и борба за доминација во тимот затоа што Enea не чека ни малку пред да нападне и нема да се смири додека не освои титула. А во еден тим обично има место само за еден шампион, освен ако не сте Yamaha од времето на Rossi и Lorenzo. 

Maverick може да биде среќен од покажаното, особено ако се земе предвид и дека од првите четворица само тој не беше на Ducati, а и да не паднеше Miller, веројатно ќе беше уште полошо. Инаку додека ја гледаше трката во неговата гаража, Miller во негов стил призна дека ги наполни гаќите додека го гледал високото темпо кое го вртеа првите двајца :) .

Зад одличниот Luca Marini заврши Fabio Quartararo кој не може да го компензира повеќе од ова дефицитот на моторот со кој остантите тимски колеги не можат да припарат ниту до топ 10! Иако Morbidelli ја имаше најдобрата сабота со тоа што се квалификуваше директно во Q2, нешто што му беше проблем цела сезона, сепак немаше моѓност да го покаже темпото во трка заради падот во дуелот со DiGia уште во третиот круг, сепак јасна е формата на јапонскиот мотор во споредба со италијанскиот. Единствено Fabio успеа да биде подобар од другиот директен конкурент Espargaro кој е уште во фаза на оздравување од повредата во Силверстоун и заврши како шести. Со овој резултат првите тројца се во дофатлива разлика од 33 бода и не очекува продолжување на нивните битки до крајот на сезонава или на уште 6 трки на кој е можно да се освојат максимално 150 бода. Простор за грешки, нема!

12 maverick vinales ds 4138.gallery full top lg

А мала грешка на почетокот направи карамбол кога брзиот Binder го допре Zarco, кој понатаму ги собра и Pol Espargaro и Michele Pirro во еден груб пад. Инаку и Marco Bezzecchi не се прослави кога и самио излизга и се најде во шљунакот откако очигледно префорсира во обид да остане во приклучок со најдобрите додека беше на високото петто место. 

И некако таа преубава посебна шара на моторите на тимот VR46 не баше среќна не само за него туку и за колегите од Moto2. Само Marini успеа да ја прослави. 

Moto2

И според претходниот пасус веројатно ви е јасно дека Vieatti не ја заврши трката, исто како и неговиот тимски колега Niccolò Antonelli кој за воља на вистината, веќе го навикнавме надвор од патеката. Штета. Единствена утеха за Vietti е релативно слабиот пласман на лидерите во шампионатот Fernandez кој заврши како трет, и Ogura на петтата позиција, со што разликата во бодови меѓу првите четворица е се уште дофатливи 42 бода. Како трет во генералниот пласман, се врати во игра, Шпанецот Canet кој заврши како втор, а победник и така малку бурно расположен славеник беше уште еден Шпанец Alonso Lopez кој ја оправда довербата на Speed Up како замена за избрканиот немирко Fenati, и ја однесе неговата прва победа во категоријата. Воедно ова е и прва победа на Boscoscuro во оваа сезона, и едниствена на мотор кој не е со шасија од Kalex. Браво! 

Moto3

Борбата во најмалата класа до сега беше прилично изедначена меѓу тимските колеги од Aspar Gas Gas Guevara и Garcia, но на оваа трка едноставно постариот Garcia имаше премногу пехови и на крајот мораше да биде дури и дисквалификуван со што ја заврши порано трката без бодови. Возбудата во првенството ја задржи Foggia кој не му дозволи на помладиот Шпанец Guevara да победи и да избега во бодовна смисла, со победа по долга пауза со што се врати во игра за титула со само 35 бода зад лидерот. Победникот на минатата трка, фантастичниот Ayumu Sasaki ни крив ни должен, излета од трка во дуел со неискусниот Cararo и малку се оддалечи од титулата.

Формата што ја покажа Италијанот асоцира на нов обид за освојување на титулата. 

Ако минатата година феноменот Acosta му го одзема тоа право, можеби асоцијацијата дека времето за него во оваа класа е поминато, со тоа што буквално имаше часовник на неговата кацига, но и со интересниот рекорд на еднинствен возач во класата кој славел 3 пати на иста патека, ќе го натера конечно да се фокусира и да ја освои титулата. Тоа што победил 3 пати на една патека во покажува дека е иако прилично брз и знае да победува, но и дека сепак поминал премногу време во оваа класа и не напредувал во следна класа. Можеби ова ќе се промени сезонава. 

За крај да не заборавиме дека во вторник и среда се возат тестирањата за следната сезона на која ќе пршти од новитети. Ова се клучни денови за тестирање особено за Honda и Yamaha кои каскаат зад Италијаните во последните сезони, па под притисок на Marquez кој се подготвуваше навистина темелно за овој тест, како и Quartararo кој неколку пати им наглсуваше на Јапонците дека е неопходно да го подобрат моторот. Додкеа кај првите фали возливост, кај вторите недостасува максимална брзина за борба против Ducati. Ducati сигурно ќе извади нешто од кујната на Gigi и повторно ќе ги фрли во очај сите со некоја чудесна аеро играчка. Aprilia е веќе во полн залет и ќе треба да донесе мотор кој нема да може веќе да ќарува на сметка на концесиите. A KTM? Имаат прилично многу работа за да се вратат во игра. Suzuki полека се отпишува од циркусот на 2 тркала и оправдано, не се очекува некоја новост од нив.

Back To Top