MotoGP

Милер: „Прилично кул“ ако Мир ја освои титулата во MotoGP без победа

„Мислам дека имаме уште една Емилио Алзамора ситуација. Би било кул ако имам можност да го видам тоа повторно“ - Џек Милер не верува дека лидерот на табелата Јоан Мир треба дополнително да ризикува за да стигне до првата победа оваа сезона. Андреа Довициозо се сложува: „Мислам дека тоа не е важно.“

Следете нè на:

 

„Мислам дека имаме уште една Емилио Алзамора ситуација. Би било кул ако имам можност да го видам тоа повторно“ - Џек Милер не верува дека лидерот на табелата Јоан Мир треба дополнително да ризикува за да стигне до првата победа оваа сезона. Андреа Довициозо се сложува: „Мислам дека тоа не е важно.“

Осум различни возачи победија на една трка од MotoGP шампионатот оваа година но лидерот на табелата Јоан Мир не е меѓу нив. Според Џек Милер и Андреа Довициозо, нема ништо спорно ако Мир стигне до титулата без ниту една победа. Со тоа, тој ќе го повтори подвигот на Емилио Алзамора кој во 1999 година ја освои титулата во класата од 125cc без да победи на ниту една трка од сезоната.

Всушност, Мир вели дека тоа би било прилично кул.

Откако најдобар резултат за време на дебитанската сезона му беше петото место, Мир сега има предност од 14 поени пред Фабио Куартараро на три трки до крајот на сезоната.

За возачот на Petronas Yamaha, Фабио Куартараро, ова е втора сезона во серијата а досега има три победи.

 DSC3519 copy

Но Мир има освоено повеќе подиуми (вкупно шест) од било кој друг возач. На последните осум трки, тој постојано завршува меѓу најдобрите четири возачи. Единствено тоа не му успеа во Ле Ман.

Мир успеа да дојде до првото место на табелата и покрај тоа што не заврши две од првите три трки од сезоната, падна во Херез и Брно.

„Би рекол дека сте во право“, одговори Милер на патеката во Арагон на прашањето дали Мир има најголеми шанси за титулата.

„Мир денеска го направи токму тоа што му требаше. Истото го прави во текот на целата година и мислам дека ќе имаме уште една Емилио Алзамора ситуација.“

„Мислам дека не треба премногу да ризикува за да дојде до победа на некоја трка.“

Досега ниту еден возач не успеал да стигне до титулата во класата од 500cc без да постигне барем една победа во текот на сезоната. Сепак, Милер воопшто не се сомнева во тоа дали Мир ја заслужува титулата.

„Секако!“ , вели Милер. „На почетокот немаше многу среќа. Видов како излета надвор од патеката пред самиот крај на трката во Брно.“

„Успеа да се врати од тоа . А да не заборавиме, ако не се појавеше црвеното знаме на трката во Австрија, тој требаше да стигне до победата“, додаде Австралиецот.

Мир имаше предност од 2.5 секунди кога трката во Австрија беше прекината. По рестартот, Шпанецот заврши на четвртото место со заостанување од 0.6 секунди зад победникот Мигел Оливеира.

„Дефинитивно Мир е еден најбрзите но и најконзистентните возачи “, вели Милер кој откако не успеа да заврши неколку трки, веќе нема шанси за титулата.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо се уште има мали шанси за титулата откако падна на шестата позиција во генералниот пласман и сега заостанува 28 поени.

 DSC3073 copy copy copy copy copy copy

Италијанецот исто така верува дека Мир не треба да си прави дополнителен притисок со цел да дојде до победа на трките во Портимао и Валенсија,

Оваа година поради напдемијата на коронавирусот, календарот е драстично променет. Сезонава имаме 14 трки кои се оддржуваат на 9 различни патеки низ Европа. Исто така забранети се промени на моторот и аеродинамиката. Да не заборавиме дека трките се оддржуваат без публика.

„Воопштио не сметам дека тоа е важно. Особено во ваков вид на натпреварување“, вели Довициозо. „Шампионатот беше чуден поради многу причини но на крајот она што е важно се поените.“

„Секој сака да победи на една трка, но тоа не е поентата. И затоа мислам дека не мора да го стори тоа.“

Возачите на Yamaha, Маверик Вињалес (-19 поени) и победникот од трката од неделата, Морбидели (-25 поени) сега се наоѓаат меѓу Куартараро и Довициозо во генералниот пласман.

Тимскиот колега на Мир, Алекс Ринс, на патеката во Арагон на Suzuki му ја донесе првата победа. Во моментов тој е на шестото место на табелата и заостанува 32 поени. До крајот остануваат уште максимални 75 поени.

Ринс вели дека откако и математички ќе нема шанси за титулата може да му помогне на Мир. Ако не се дојде до некаква катастрофа во Валенсија, тогаш тоа би можело да се случи во Портимао.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Damon престави две нови верзии на нивниот Hypersport модел. Машините имаат послаби перформанси но и нивната цена е помала.

Ducati престави лимитирана верзија на Diavel 1260 во чест на сестринската компанија, Lamborghini.

Преставена патеката по која ќе се вози релито Дакар 2021. Познатата трка повторно ќе се оддржува во Саудиска Арабија.

Honda повторно влезе во „big-bore“ крузер класата во 2021 со целосно новиот Rebel 1100, верзија на популарниот Rebel 500 која има поголем капацитет.

Данило Петручи вели дека бил многу тажен кога пред стартот на сезоната му било кажано дека нема да му биде продолжен договорот. Но сега, откако потпиша со КТМ, тимот кој изминатава сезона постигна три победи и осум пати се искачи на подиумот, Петручи вели дека е среќен поради таквата одлука на Ducati.

Kawasaki направи значајни промени кај познатиот ZX-10R за сезоната 2021.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.