Дали би можел Хорхе Лоренцо да го напушти тимот на Yamaha и да стане тест возач на Aprilia?

Во последнава недела тимот на Aprilia се почесто го има во медиумите откако одлучи да го замени Бредли Смит со Лоренцо Савадори. Дали од тимот се подготвува уште едно изненадување? Според speedweek.com, поранешниот MotoGP шампион Хорхе Лоренцо преговара со Aprilia да биде нивни тест возач во сезоната 2021.

Откако го имаше последниот настап за Repsol Honda минатиот ноември, се чини дека Yamaha направи вистински погодок со потпишувањето на договор со три кратниот шампион. Се планираше и настап со помош на Вајлд карта но сето тоа падна во вода поради корона вирусот.

Но иако останатите тест возачи продолжија со своите активности, Лоренцо беше дел од само еден тест од настапот во Сепанг.

Тоа се случи во Портимао каде Лоренцо возеше со минатогодишната машина. Сепак, тој не беше планиран да го замени Валентино Роси кој ја пропушти трката во Арагон.

Ваквата одлука е изненадување со оглед на тоа дека Aprilia одлучи да го ангажира Лоренцо Саваадори како тест возач. Тој е замена за Бредли Смит кој пак го презеде местото на Андреа Ианоне.

Lorenco main 29 10

Според магазинот, смената Смит-Савадори најверојатно е поради тоа што Лоренцо ќе стане тест возач на Aprilia во сезоната 2021. „Во Шпанија слушнавме дека разговорите меѓу двете страни се во напредна фаза. Сепак, постои можност да не дојде до договор поради финансиите.“

Лоренцо претходно возеше за Derbi/Aprilia во класите од 125cc и 250cc а потоа во 2008 година премина во MotoGP тимот на Yamaha.

Со доаѓањето во Aprilia, тој не само што ќе се врати на почетокот туку и ќе му се пружи можност да му помогне на проектот со оглед на тоа дека Aprilia се уште се нема искачено на подиумот. Вакво нешто направи и Дани Педроса за КТМ.

Од компанијата не сакаат да ги отфрлат ваквите информации но напоменаа дека се уште нема ништо конечно.

Но ако Лоренцо дојде во Aprilia, дали би можела Yamaha да потпише договор со Андреа Довициозо?

Единствено слободно место за сезоната 2021 има во тимот на Aprilia но според досегашните информации, Италијанецот размислува следната година да биде тест возач. Една од опциите за такво нешто е и тимот на Honda.

Back To Top