Возачот со бројот 21 имаше феноменална трка и се врати во борбата за титулата.

Франко Морбидели не направи ниту една грешка и стигна до втората победа оваа сезона на Гран При трката на Арагон. Возачот на Suzuki Ecstar, Алекс Ринс ја освои втората позиција и повторно дојде до место на подиумот. Неговиот тимски колега Јоан Мир освои уште едно трето место и ја зголеми предноста на табелата.

Драмата почна уште на самиот старт. Возачот кој стартуваше од пол позицијата, Такааки Накагами имаше добар старт на трката и влезе прв во свиокот број еден. Веднаш зад него беа Морбидели и Ринс. Веќе во вториот свиок се случи првиот инцидент на оваа трка и Бред Биндер и Џек Милер завршија надвор од патеката. Во свиокот број пет, лидерот на трката Накагами ја направи првата грешка овој викенд. Јапонскиот возач загуби контртола над мотоциклот и излета надвор од патеката.

Тоа му помогна на Морбидели да избие на првата позиција. Јоан Мир иако стартуваше од дванаесетата позиција, за брзо време дојде до петото место и се најде пред ривалот Фабио Куартараро кој имаше тешок старт на трката. Јоан Зарко пак беше на третото место и се бранеше од налетите на Маверик Вињалес и Јоан Мир.

 DSC3309

Куартараро почна да се брани од нападите на Кал Кратчлоу и Алекс Маркез. Шпанецот потоа постигна најбрз круг и се доближи до Мир. Еден круг подоцна, Морбидели постигна рекорд на патеката. Мир го претекна Маверик Вињалес а и Маркез не седеше мирен и во свиокот број 15 го стори истото. Целта на двоецот Мир- Маркез сега беше Зарко кој беше пред нив.
Сериозна битка водеше и Фабио Куартараро. Пол Еспаргаро, Кратчлоу, Мигел Оливеира, Алеш Еспаргаро, Андреа Довициозо и Икер Лекуона беа зад Французинот.

Разликата меѓу Ринс и Зарко се уште беше околу 1.7 секунди а Мир и Маркез го следеа брзиот мотоцикл на Ducati. Во свиокот број четири Мир успеа да го претекне Зарко а разликата меѓу првите двајца возачи и Мир изнесуваше 2.2 секунди. Маркез не чекаше премноггу долго и го направи истото но во свиокот број 1 Зарко успеа да ја врати позицијата.

Во однос на борбата меѓу останатите возачи, Куартараро падна на осмата позиција откако беше претекнат од Пол Еспаргаро. Во тој момент, Вињалес имаше само неколку десетинки предност. Оливеира силно го притискаше Куартараро. Како што продолжуваше битката меѓу двајцата возачи, Оливеира на кратко го претекна Французинот. Сепак, возачот на Yamaha успеа да се врати на претходната позиција. Веднаш зад нив, Кратчлоу и Вињалес ја чекаа својата шанса.

Одеднаш, во свиокот број 2, исчезна сонот за нов подиум за Маркез. Возачот помина без повреди но сигурно се прашува што се можеше да се случи до крајот на трката.

Напред, Морбидели имаше предност од 0.6 секунди пред Ринс. На девет круга до крај, Мир заостануваше 2.6 секунди. Зарко падна на четвртото место но сепак беше пред Пол Еспаргаро, Вињалес и Куартараро. Во последните етапи од трката, Куартараро се уште се бранеше од налетите на Оливеира а својата шанса ја чекаше и Довициозо. Португалецот тогаш презеде решителен чекор и успеа да го помине Куартараро.

Следен нападна Алеш Еспаргаро а жртвата беше Довициозо. Потоа, возачот со број четири влезе премногу остро во осмиот свиок и одеднаш, Италијанецот се најде на дванаесетото место.

Вињалес и Оливеира исто така беа под сериозен притисок. Во последниот свиок Оливеира го презеде шестото место а наскоро се вклучи во борбата за четвртата позиција меѓу Пол Еспаргаро и Зарко. Еспаргаро прв стигна до четвртото место а Оливеира го следеше. Но Зарко не се откажуваше.
Напред Морбидели имаше мирна трка. Од половина секунда разликата се зголеми на речиси 2 секунди и се зголемуваше. Италијанецот беше во форма и разликата растеше.

 DSC3099 copy copy copy copy

Во Арагон, Ринс освои 45 поени и заедно со Морбидели се врати во борбата за титулата. Со двете трети место во Арагон, Мир ја зголеми предноста на табелата. До крајот на сезоната остануваат три трки и тој сега има предност од 14 поени во однос на Куартаро.
Пол Еспаргаро го освои четвртото место иако трката ја стартуваше од деветата позиција. Зарко и Оливеира се бореа до самиот крај. Целната линија прв ја помина возачот на Ducati кој имаше предност од само 0,038 секунди во однос на возачот на КТМ. Оливеира мораше да се задоволи со шестата позиција.

Потоа следуваа Вињалес и Куартараро. Трет пат оваа сезона Икре Лекуона завршува меѓу првите десет возачи. Кратчлоу и Стефан Бредл завршија на десетото и единаесетото место а веднаш зад нив се најде Довициозо кој имаше тешка трка.
Тито Рабат и Бредли Смит беа останатите двајца возачи кои успеаа да ја завршат трката. Алеш Еспергаро немаше среќа и на само неколку круга до крајот мораше да се повлече поради технички проблеми.

 DSC3839 copy

Сезоната 2020 продолжува да не изненадува. Првите шест возачи ги дели разлика од само 32 поени а до крајот на сезоната остануваат уште три трки. Мир, Куартараро, Вињалес, Морбидели, Довициозо и Ринс се надеваат на добар настап на двете следни трки во Валенсија и на финалето закажано за Портимао. Кој ќе ја освои титулата во сезоната 2020? Мир е во предност од 14 поени но тоа може за миг да се смени. Битката меѓу возачите се вжештува а следна трка е закажана за во Валенсија.

MotoGP – Подиум

  1. Франко Морбидели - Petronas Yamaha – 41:47:652
  2. Алекс Ринс – Team Suzuki Ecstar + 2.205
  3. Јоан Мир - Team Suzuki Ecstar + 5.376

Франко Морбидели: „Се чуствував одлично на патеката. Мотоциклот беше одличен, малку ризикувавме со пневматиците но знаевме дека мора нешто да преземеме. Одлучивме да настапиме со гуми со средна цврстина и тоа ни се исплатеше. Трката помина одлично и многу сум среќен поради тоа. Победа ја посветувам на целиот тим кој работеше навистина напорно. Сега сме повторно во игра за титулата. Мислам дека во Валенсија и Портимао треба да бидеме агресивни исто како што бевме и денеска.“

Back To Top