(Време на читање: 1 - 2 минути)


Мојата главна цел е да се обидам и да дојдам до место во некој фабрички тим. Би сакал тоа да биде Ducati.

Не е никаква тајна дека Џек Милер има за цел да обезбеди место во некој фабрички тим за сезоната 2020. Со оглед на тоа дека Андреа Довициозо има дво годишен договор а тимскиот колега на Милер, Франческо Бањаиа се уште не делува дека е подготвен, се чини дека главната битка на Милер ќе биде со актуелниот возач на тимот, Данило Петручи.

Miller txt 18 04 copy

Засега, борбата е изедначена.

Петручи е на петото место во генералниот пласман и има предност од само еден поен во однос на Милер. Сепак, Австралиецот на две трки успеа да биде подобар од Петручи а врвот беше местото на подиумот на трката која се возеше во Остин.

„Секако дека мојата цел е да обезбедам место во некој фабрички тим. Би сакал тоа да биде Ducati“, изјави Милер кој исто како и Довициозо и Петручи ја има најновата верзија на GP19.

„Мислам дека оваа година вршиме добра работа. И на двете трки кои ги завршив се најдов пред Петручи. Засега годината се развива добро, но да почекаме и да видиме како ќе биде и во иднина.“

„И во изминативе неколку сезони, почетокот ми беше добар но работите се менуваа некаде од трката во Муџело. Се надева дека тоа нема да се случи и оваа година.“

Во моментов, местото на Петручи во Ducati е единственото кое би можжело да биде преземено. Сите останати фабрички возачи имаат договор до 2021 година.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: