„Имавме поинаков проблем во споредба со вчера“ – лошиот старт на сезоната за Хорхе Лоренцо продолжи и на патеката во Тексас.

Навистина е невообичаено кога MotoGP машината на Honda на два Гран При викенди, три пати ќе престане да работи. Но токму тоа им се случува на Марк Макрез и неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо.

Актуелниот шампион Маркез, мораше да го паркира неговиот RC213V откако му се откачи ланецот за време на тренингот пред трката во Аргентина.

За време на квалификациите за трката во Остин, истото му се случи и на Лоренцо. Единствената добра работа беше тоа што ланецот не го закочи задното тркало. Една теорија зошто се случува ова е бидејќи најновата вилушка, која е изработена од јаглеродни влакна, вибрира на неочекуван начин и тоа му овозможува на ланецот да излезе од своето лежиште.

А кога Лонрецо предвреме ја напушти трката во неделата без да се забележи некој очигледен проблем, се чинеше дека повторно има проблем со ланецот.

Сепак Лоренцо, кој пред да ја напушти патеката се наоѓаше на деветото место, вели дека во овој случај , проблемот не бил во ланецот. „Не, денеска имавме поинаков проблем во спредба со вчера.“

Се уште не е јасно каков проблем имаше Лоренцо, вели шефот на тимот, Алберто Пуиг. „ Во моментов  се уште не знаеме што се случи со мотоциклот на Лоренцо. Се уште разгледуваме и ни треба малку време за да откриеме што точно се случи.“

Најновиот проблем преставува врв на лошиот старт кој Лоренцо го има со тимот на Honda. Поради повреда на раката го пропушти првиот тест во новата сезона, потоа имаше фрактура на ребрата на тестот пред трката во Катар а на трката во Аргентина е соочи и со проблеми со рачките на мотоциклот.

„Ова е многу разочарувачки бидејќи на трите последни трки имав три различни проблеми“ , изјави Лоренцо. „Особено на последниот настап кога и двајцата не успеавме да ја завршиме трката.“

Lorenco COTA txt 17 04

Во однос на брзината која ја имаше пред да се појави проблемот, Шпанецот вели: „На почетокот на трката, кога резервоарот за гориво беше полн, беше многу тешко да се запре мотоциклот. Затоа направив неколку неочекувани грешки.“

„Два пати излетав надвор од патеката бидејќи не успеав да запрам на време. Тука загубив едно или две места.“

„Во останатиот дел, брзината не беше нешто посебно добра во споредба со Маркез. Сепак мислам дека можев да бидам малку побрз. Мислам дека денеска, со сите овие излетувања, нашата реална позиција би била осмото или деветото место. Затоа беше малку подобро отколку во Катар или Аргентина. За жал не успеавме да завршиме.“

Лоренцо сега заминува за Европа со освоени само седум поени и во моментов се наоѓа на седумнаесетото место на табелата.

„Без разлика дали имате среќа или не, ништо не можете да промените. Или имате проблеми или не.“

„Сега одиме во Херез и важно е тука да бидеме брзи, да бидеме компетитивни а не да се бориме за третиот или четвртиот ред. Потоа треба да се обидеме да имаме што е можно подобар резултат.“

„Мислам дека можеме да го постигнеме тоа, а на патека каква што е во Херез, можеме да бидеме компетитивни.“

Добрата вест за Лоренцо е што конечно се опорави од сите повреди кои го мачеа во изминатиов период.

„Физички се чувствувам одлично“, вели Лоренцо.

Неговиот тимски колега и актуелен шампион, Марк Маркез исто така не успеа да ја заврши последната трка.

Back To Top