„Според шефот на екипата на Маверик Вињалес, обврска на Suzuki била да обезбеди вистински мотоцикл за својот талентиран возач кој е способен за победи“

Од моментот кога Маверик Вињалес за прв пат се симна од новата GSX-RR MotoGP машина на тестот во Валенсија во 2014 година, на шефот на неговата екипа му било јасно дека Јапонскиот тим има извонреден талент.

„Кога возачот ќе ја извади кацигата можете да разберете каков возач е тој; дали тоа го прави природно или премногу форсира,“ вели Хозе Мануел Казео. До тој момент, Вињалес настапувал само на мотоцикли од 250 коњски сили. И тоа воопшто не му пречело.

vinal

„Преку начинот на кој ја контролираше гаста, начинот на кој се прилагоди на јаглеродните сопирачки, ние знаевме дека тој е посебен.“

За компанија која има лимитирани ресурси во споредба со своите ривали, на Suzuki му беше јасно што има во својот тим. На тимот сега беше одговорноста да му обезбеди вистински мотоцикл за да може Вињалес да го постигне она за што Казео и останатите од тимот знаеа дека е способен.

Вињалес дебитираше на патеката во Силверстоун, 22 месеци после првиот тест.  „За нас беше обврска да пронајдеме начин да му обезбедиме мотоцикл со кој ќе може да победува. Кога имате шанса во својот тим да имате еден од подобрите возачи, морате да ја искористите,“ вели Казео.

И тие ја искористија шансата. Од мотоцикл кој има сериозни недостатоци на шасијата, после напорната работа во текот на зимските месеци тие пристигнаа во Катар со мотоцикл кој може да се бори за победа.  Новиот мотор ја зголеми брзината а од голема корист беа и новите пневматици на Michelin.

Целта беше тој постојано да се наоѓа меѓу првите шест возачи а повремено да се искачува и на подиумот. Но сите што беа во контакт со Вињалес знаеа дека ова нема да биде доволно за поранешниот шампион во Moto3.

vinales lemans 16

„Како што кажав претходно, тој е еден од оние посебни возачи. Кога имате таков како него, тој очекува да победи, а кога има нешто што го спречува, не само неговиот мотоцикл, тој сака се да направи за брзо време за да се најде на врвот.“

„Тој знае дека е талентиран, и кога работите не се одвиваат како што посакува, станува гневен. Дури и повеќе од тоа. Тоа е еден вид на фрустрација. Знае дека има потенцијал. Затоа работевме паралелно, како на неговиот стил на возење така и на мотоциклот.“

Ова ја покажува силата на нивната врска и причината зошто Вињалес се обиде да го доведе Казео во тимот на Movistar Yamaha. Според Вињалес, ова било причината поради која тој подолго време размислувал дали да премине во Yamaha.

„Се обидував да и донесам сите во Yamaha. Буквално сите,“ изјави Вињалес за Crush.net после тренингот на патеката во Мисано. „Но тие се чувствуваа добро во тимот и решија да останат.“

Во однос на соработката со Казео, Вињалес додаде: „Ова е негова прва работа на оваа позиција, но тој има големо искуство во однос на електрониката и тоа е особено важно. Исто така, на некој начин, тој е како мене. Секогаш се обидува да се подобри. Дури и утрово на пример. Завршивме на третото место и после тоа еден час ги разгледувавме податоците за да видиме каде можеме да се  подобриме.“

„Дури и на тренингот на патеката во Силверстоун. И покрај тоа што имав најбрз круг, двајцата се сретнавме за да видиме каде можеме да се подобриме. Никогаш не се откажуваме. Од еден тренинг до друг, ние секогаш се обидуваме да бидеме подобри.“

vinaless

Покрај талентот што го има Вињалес, неговиот фокус е она што го издвојува од останатите возачи. Неколку минути по триумфот во Силверстоун, тој веднаш почна да ги анализира перформансите на тврдите пневматици со кои настапи на вториот тренинг.

Според Казео, оваа постојана потрага по совршенство прави Вињалес да биде зависен од тоа да го има најдоброто време во текот на тренинзите.

„Како и повеќето возачи и тој е зависен од тоа да го има најдоброто време во текот на тренинзите. Понекогаш позицијата зависи повеќе од времето на еден извозен круг,“ објасни Казео. „Затоа, ако не се види меѓу првите тројца возачи или ако не е прв, тогаш има некаков проблем.  Тоа е добро бидејќи се обидуваме да бидеме совршени. Но, како ќе станува поискусен, ќе научи и како да остане смирен.“

„При некои услови возиш со полн резервоар. Возиш половина секунда побавно од некој возач чиј резервоар е до половина полн. Тоа може да биде голем недостаток, но во реалноста,ти возиш побрзо од него.“

„Затоа анализата на времето на еден извозен круг не е тривијална и не можеш да ја направиш во моментот кога се случуваат работите. Мора да запреш, да видиш со какви пневматици возат останатите, да знаеш колку гориво има во нивните мотоцикли. Затоа вистината е во трката. Мора да бидеш трпелив, да веруваш во себе.“

Тешко е да бидеш премногу критичен кон 21 годишен возач кој има неверојатен глад за натпреварување. Ова, заедно со работите кои Казео ги објасни ни кажува дека и покрај тоа што тој се уште не комплетен возач, можеме да бидеме сигурни дека ќе биде еден од најдобрите возачи во иднина. 

Back To Top