„Оваа патека има брзи свиоци и остро запирање, затоа е важно да се има добар мотоцикл со перфектен сет ап,“ – Валентино Роси

Валентино Роси се надева дека овој викенд, на трката во Арагон, ќе успее да ја намали предноста во однос на Марк Маркез.

Роси успеа да ја намали предноста на само 43 бодови откако на последните четири трки заврши пред возачот на Repsol Honda. Тој сепак е фокусиран да го исполни целиот свој потенцијал на секоја трка посебно.

PA2018212.0008

„И покрај тоа што не успеав да победам во Мисано, сепак мислам дека тоа беше добра трка. Во следните трки ќе дадеме најмногу што можеме за да постигнеме најдобар резултат, исто како што направивме и во Мисано,“ изјави возачот на Movistar Yamaha.

 „Единственото нешто што ме интересира во моментов е да имам добри настапи. Во Арагон уште од самиот старт ќе мораме да работиме добро, исто како што правевме и во текот на целата сезона. Оваа патека има брзи свиоци и нагло запирање, па затоа ќе биде важно да имаме добар мотоцикл со перфектен сет ап. Навистина ми се допаѓа патеката и покрај тоа што не е една од моите омилени. Ќе се обидеме да дадеме најмногу што можеме.“

Минатата сезона и во 2013 година, Роси на оваа патека заврши на третото место. Оваа патека има и посебно значење за тимот  бидејќи главниот спонзор на Yamaha, Movistar, веќе трета година по ред  е спонзор на оваа трка.

Back To Top