(Време на читање: 1 - 2 минути)


Актуелниот шампион ќе ја искористи зимата за да се опорави од операцијата на рамото.

MotoGP шампионот Марк Маркез ќе ја искористи зимската пауза за да се опорави од операцијата која ја имаше на рамото.

Шпанецот, кој доминираше минатата сезона, повторно го повреди рамото по серијата на несреќи кои ги имаше во вториот дел од годината, пред се во Буриран каде што заврши во болница но и инцидентот кој го имаше во Малезија.

Во Херез имаше уште еден пад и го дислоцираше десното рамо. Поради тоа се одлучи на нова операција со цел во иднина да не му се појават поголеми проблеми. Иако повредата не исто толку тешка како онаа која ја имаше пред дванаесет месеци, сепак ќе мора да помине одреден период на рехабилитација.

 DSC4325 copy

„Откако ја заврши најуспешната сезона во кариерата Марк одлучи да замине на операција во болницата во Барселона. Операцијата ја извршија докторите Хавиер Мир, Виктор Марле и Тереза Марле кои се дел од Инсистутот за Трауматологија и Спортска Медицина.

„Откако почувствува болки во десното рамо после падот на патеката во Херез,возачот на Repsol Honda , по совет на лекарите се одлучи на операција. Таа е слична со онаа која ја имаше на левото рамо пред дванаесет месеци но не е толку опасна.“

Маркез следните 48 часа ќе ги поминево болница а потоа ќе почне со рехабилитација и подготовки за тестот во Сепанг.

Шпанецот сега го очекуаат неколку напорн недели. Honda верува дека Маркез не беше целосно подготвен ниту за тестовите на почетокот на минатата сезона. Од друга страна пак, Такааки Накагами ги пропушти последните три трки со цел да биде целосно подготвен за тестот во Сепанг следната година.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: