MotoGP

Карел Абрахам зборува за начинот на кој бил отпуштен и неисполнетите ветувања

Во саботата, Карел Абрахам им кажа на своите фанови дека повеќе нема да биде дел од MotoGP.

Следете нè на:

 

Во саботата, Карел Абрахам им кажа на своите фанови дека повеќе нема да биде дел од MotoGP.

Во саботата, Карел Абрахам им кажа на своите фанови дека повеќе нема да биде дел од MotoGP. Чешкиот возач во петокот дозна дека Avintia сака да ја прекине соработката. Добил електронска порака во која му било соопштено дека тимот сака да го раскине договорот со него.

Ваквата одлука беше голем шок за Абрахам. Воопшто не беше нешто очекувано бидејќи во Валенсија му беше соопштено дека ќе продолжи да биде дел од екипата и во сезоната 2020 и да почне да се подготвува за тестот во Херез. Но во петокот му беше кажано да не патува во Шпанија.

Но Абрахам веќе беше подготвен за настап а неговата опрема беше испратена кон Херез.  А додека беше таму за да си ја земе опремата, дел од новинарите го искористија моментот и разговараа со него. Тоа му овозможи на Абрахам да ја каже својата страна од приказната.

karel abraham txt 1 28 11

Изненадување

„Исто како и многумина, и јас бев изненаден бидејќи не очекував да се случи нешто вакво“, вели Чешкиот возач. „Сезоната не беше баш најдобра но имав договор на две години.“

Договорот на Абрахам со тимот имаше важност за сезоните 2019 и 2020 а веќе се правеа и планови како тимот да се подобри во иднина.

„Некаде на средина на сезоната се сретнав со одговорните во тимот и ги прашав дали сакаат да останам дел од екипата. Ми рекоа да, се се одвива во најдобар ред. Зборувавме дури и за сезоната 2021 бидејќи и Тито имаше договор на две години.“

Но работите во екипата после тоа станаа полоши. „Кога пристигнавме во Малезија, човекот од Ohlins  веќе не беше дел од нашиот тим. Тој беше таму но не му беше дозволено да работи со нас.“ Абрахам не сакаше да ги открие причините за ваквата одлука, иако навести што би можело да биде проблемот. „Ако сакате да дознаете, лесно ќе откриете.“

karel abraham txt 2 28 11

Можни решенија

Неколкуте проблеми кои се појавија беа причина Абрахам да седене со тимот и да се обиде да најде решение. „Рековме, повеќе или помалку се е во ред. Но има некои работи со кои не се сложувам и сакам да разговарам за тоа. Сакавме да имаме состанок во Сепанг, тоа и го направивме. Сакавме да разговараме и во Валенсија, и тука се случи истото.“

Кога се појавија гласини дека Avintia размисува да го ангажира Јохан Зарко, Чешкиот возач разговараше со Рубен Хаус, кој заедно со Раул Ромеро е одговорен за тимскиот менаџмент. Како што вели Абрахам, му било кажано дека не треба да се грижи.

„Разговаравме и во Валенсија а откако се појавија гласините за Зарко, повторно зборував со Рубен. Всушност, разговаравме неколку пати и го прашав што се случува? Дали се точни гласините или не? Во вторникот ми кажа да не се грижам бидејќи имам договор со тимот. Го прашав дали разговарале со Зарко и ми кажа дека тоа не се случило.“

Тоа го охрабрило Абрахам. „Тестирав еден ден и поминав прилично добро. Му пратив неколку пораки на Рубен но не ми одговори. Не го сватив тоа толку сериозно.“

karel abraham txt 3 28 11

Отпуштен преку порака

Во петокот Абрахам добил порака од адвокатите на тимот. „Ја проверив електронската пошта и видов дека имам порака од нивните адвокати“, вели Абрахам.

„Ја отворив пораката која беше напишана на Шпански, не на Англиски или Чешки.“ Бидејќи беше петок навечер и не работи ниту една канцеларија за превод, Абрахам морал преку интернет да го преведе текстот за да види за што станува збор.

„Кога го преведов, ми стана јасно дека се работи за прекин на договорот. Веднаш му пратив порака на Рубен да го прашам за што станува збор но не ми одговори.“

„Следниот ден му пратив уште една порака во која му кажав дека ми пратиле текст на Шпански и дека не го разбирам. Го прашав дали да дојдам следниот ден во Херез или не? Тогаш ми прати порака дека станува збор за прекина на договорот, да не доаѓам во Херез и да не го барам повеќе.“

karel abraham txt 4 28 11

Слаба форма

Абрахам вели дека е разочаран од начинот на кој тимот се справил со ситуацијата. „Разочаран сум од Хаус бидејќи тој беше навистина добра личност. Заедно поминавме многу. И од него ми стигна порака да не го барам повеќе. Не знаев дали е сериозен. Во суштина ме избркаа од тимот иако се уште имам валиден договор. А најлошото е дека воопшто не разговараа со мене.“

Абрахам вели дека очекувал барем некој од екипата да му се јави и да му ја објасни ситуацијата. „Раул можеби не зборува Англиски но тука се Рубен и останатите. Не е важно кој, но некој требаше да се јави и да ми објасни што се случува.“

„Но тие ништо не кажаа. Дојдов во Херез бидејќи не очекував вакво нешто. Ми ветија дека се ќе биде во ред. Опремата ми е тука и дојдов да ја земам. Веднаш потоа ќе си отидам. Но искрено, и јас сум изненаден.“

Абрахам доби договор со тимот под претпоставвка дека ќе донесе неколку спонзори. Чехот инсистира на тоа дека тој и спонзорите веќе ја имаат платено целата сума за сезоната 2019. Вели дека намерно го одложил плаќањето за следната година се додека не се разјасни целата ситуација.

karel abraham txt 5 28 11

Предност

„Она што го слушате е само половина точно“, вели Абрахам. „Тоа го наведоа како причина за да ме отпуштат. Искрено, платено е се за 2019 година.“

„Требаше да платиме за 2020 но тоа го одложивме. Станува збор за само неколку дена а не месеци. Го одложивме плаќањето бидејќи сакавме претходно да се разјаснат работите.“

Одложеното плаќање беше и дел од разговорите за сезоната 2020, особено откако во Малезија го загубивме техничарот на Öhlins, објаснува Абрахам.

„Прво, го одложивме плаќањето бидејќи не го добивме она што беше договорено. На пример, недостасуваше човекот од Öhlins. Побарав да имаме средба пред да платиме за следната сезона. “

„Ми рекоа во ред, ќе зборуваме во Малезија. Така и се случи. Се договоривме да имаме уште една средба со Валенсија. Во Шпанија дадовме неколку предлози кои сметавме дека ќе ги подобрат работите но не добивме никаков одговор. Наместо тоа ни беше кажано дека е раскинат договорот. “

Според Абрахам, одложеното плаќање било искористено како причина за прекин на соработката. „Ни кажаа дека поради тоа веќе нема да соработуваат со нас. Не сме платиле навреме и сме го прекршиле договорот. Но, тоа не е точно бидејќи за време на двете средби се договоривме да го одложиме плаќањето. “

karel abraham txt 6 28 11

Зошто Зарко?

Иако Абрахам вели дека нема ништо против Зарко, не знаеше да ги објасни причините зошто Французинот ја добил неговата работа. „За време на тестот во Валенсија зборував со некои од првите луѓе на Ducati, и ми кажаа дека не го сакаат Зарко.“

„Не се против него туку не го поддржуваат. Ми кажаа дека имаат еден договор со Avintia и дека за оваа цена не можат да добијат подобар мотоцикл. Барем така ми кажаа од Ducati.“

Абрахам вели дека не ја знае вистинската причина зошто Avintia се одлучила да го раскине договорот. „Јас можам да ја кажам мојата страна но не знам што разговарале Зарко и Avintia. Искрено, не сум ни сигурен дека Зарко ќе настапи за нив. Тоа се зборува во моментов но се уште не е официјално потврдено.Зарко самиот кажа дека не би сакал да вози за нив бидејќи не се добар тим.“

„Но, изборот е негов.  Беше дел од фабрички тим и знам дека не му се допадна мотоциклот. Но сепак беше дел од фабричка екипа и имаше добар договор. Има најави дека следната сезона неколку возачи ќе ги напуштат тимовите.Ќе се појават неколку добри можности.“

„Откако го напишти тимот, Зарко не зборуваше баш убави работи за нив. Не зборуваше добро ниту за Avintia.  Тоа навистина не ми е јасно.“

Неизвесна иднина

Се уште е рано и Абрахам вели дека во моментов не знае кој ќе биде нееговиот следен чекор. „Се уште го немаме официјално преведено одговорот. После тоа ќе го направиме следниот чекор но кој ќе биде тој се уште не можам да кажам. Искрено навистина не знам. Не знам што пишува во пораката која ја добив.“

Како што вели Абрахам, во моментов има измешани чувства на гнев и разочарување. „Тажен сум бидејќи не се тркам но пред се сум гневен и разочаран, особено од начинот на кој се случи сето ова.  И самите знаат дека ги добија сите пари од нас и сигурно се свесни дека ќе го платиме и остатокот.“

„Можете да прашате и во гаражите. Никому не сме останале должни.“

Поради целата оваа ситуација, Абрахам е во неизнесност во однос на неговата иднина. „Во моментов се уште е рано но не планирам да останам во оваа средина.“

karel abraham czech gp motogp main 28 11

Тркачки живот

Иако е адвокат, се што знае се трките. „Почнав да се натпреварувам кога наполнив петнаесет години. Долго време сум дел од овој свет и се навикнав на ваквиот начин на живот.“

„Ќе видиме што ќе се случи во иднина. Во моментов не знам ништо. Ми треба адреналин но и ми фалат луѓето околу мене. Тоа сигурно ќе ми недостасува. “

Но она што го прави најмногу гневен е начинот на кој се одвиваше целата ситуација. Договорот му е раскинат на крајот на сезоната и во моментов нема каде да оди. „Јасно ми е дека Зарко е добар возач но ова не е начин на кој треба да се третира една личност.“

„Вака не се прави бизнис. Доколу сакате да ја прекинете соработката се кажува порано. Вака сега немам каде да одам.“

Доколку Avintia порано ми ја соопштија нивната одлука, можеби ќе најдев место во некој тим, вели Абрахам. „Доколку ми кажеа на средина на сезоната можеби ќе имав време да направам нешто. Ќе разберев дури тоа да ми го кажеа во Валенсија. Но тоа не се прави пред стартот на новата сезона. Веќе почнав да ги тестирам мотоциклите за 2019 година.“

Отпуштен шефот на тимот

Покрај него, уште еден член на тимот ги има истите проблеми. „Две недели пред да ми го направатт ова на мене, истото му се случи на шефот на мојот тим. Дури подоцна дознав за тоа. Не знаеше ниту Ducati.“

Кога пристигнал во Малезија му кажале. „Следната година нема да бидеш дел од нашиот тим. Тој ги прашал дали се сериозни бидејќи сега сите места се веќе зафатени и нема каде да оди. Едноставно го отфрлија а кога сте надвор од натпреварувањето една година, после тоа е тешко да се вратите.“

Како што вели Абрахам, во моментов не ја гледа својата иднина во ниту една од класите.„Немојте да ме разберете погрешно, Moto2 и Супербајк се одлични серии, но веќе го имам надминато тоа. Бев дел од MotoGP. Но како што кажав претходно, не сакам да направам чекор назад.“

„Не велам дека тие се лоши но веќе бев дел од тие натпреварувања и не би сакал сега да се вратам таму. Би се вратил во тие серии само ако имам добар мотоцикл и добра плата.“

Топката сега е кај Јохан Зарко. Во моментов има слободно место за него но тој се уште не ја соопштил неговата одлука.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Мото клубот Мечки и оваа година нема да ги заборави дечињата од дневниот центар за лица со посебни потреби од Куманово.

Во организација на О.К.Класик и Општина Сопиште на 14.12.2019год организираат манифестација од спортско рекреативен карактер АТВ И МОТО ДЕН СОПИШТЕ.

Со цел  ‘Mother of Hard Enduro’ да стане малку полесен за натпреварувачите на настанот ќе се приклучи и Motul. Компанијата ќе отвори Bike Wash.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.