Марк Маркез имаше уште една успешна трка и стигна до победа на Гран При трката на Шпанија.

Марк Маркез имаше уште една успешна трка и стигна до победа на Гран При трката на Шпанија. Тој ја зголеми предноста во однос на Андреа Довициозо кој не успеа да се искачи на подиумот.

Возачот на Repsol Honda успеа уште во првиот свиок да дојде до првото место откако ги победи возачите на Petronas Yamaha, Фабио Куартараро и Франко Морбидели кои исто така стартуваа од првиот ред.  Тој постојано ја зголемуваше предноста во однос на другите возачи и на крајот успеа да стигне до втората победа во шампионатот.

Откако Довициозо не успеа да дојде до место на подиумот, Маркез сега е на првата позиција со предност од само еден поен пред Алекс Ринс кој го освои второто место на трката.

MotoGP Jerez txt 1 06 05

Ринс имаше добар настап откако постепено ги претекнуваше возачите кои беа пред него. Најпрво ги претекна возачите на Ducati а потоа почна да ги следи возачите на Yamaha, Морбидели, Куартараро и Мавеик Вињалес.

Откако некаде на половина на трката Морбидели не можеше веќе да го следи темпото на најбрзите возачи, Куартараро го претекна но веќе во тринаесетиот круг тој мораше да се повлече од трката поради проблеми со менувачот.

Ринс дојде до второто место откако претходно веќе го претекна Морбидели а истото го направи и Вињалес кој беше на третата позиција. Сепак, возачот на Monster Yamaha мораше да се брани од нападите на Довициозо.

Веднаш зад Довициозо, кој се уште се нема искачено на подиумот на трката во Херез, беше неговиот тимски колега, Данило Петручи кој го освои петото место а шести беше Валентино Роси.

Деветкратниот шампион имаше слаб старт и од тринаесетото место постепено се искачуваше нагоре. Тој загуби многу време додека се наоѓаше зад Џек Милер и во моментов падна на четвртата позиција на табелата.

Морбидели на крајот заврши на седмото место а веднаш зад него беа возачите на LCR Honda, Кал Кратчлоу и Такааки Накагами.

Стефан Бредл профитираше од сударот меѓу Милер и Еспаргаро и дојде до десетото место. Милер од внатрешната страна на последниот свиок се обиде да се одбрани од нападот но не успеа и излета надвор од патеката.

Еспаргаро успеа да дојде до единаесетата позиција а зад него беше Лоренцо кој имаше уште еден лош настап.

Пол Еспаргаро го предводеше тимот на КТМ и заврши на тринаесетата позиција а зад него беше неговиот тимски колега, Јохан Зарко. Тито Рабат и Avintia Ducati го освоија последното место кое носи поени.

Вториот возач Avintia Ducati, Карел Абрахам мораше да се задоволи со шеснаесетата позиција. Зад него завршија Бредли Смит кој на оваа трка возеше за Aprilia како и возачите на Red Bull KTM Tech 3, Мигел Оливеира и Хафиз Сиахрин.

Јоан Мир (Suzuki) и Франческо Бањаиа (Pramac Ducati) се останатите двајца возачи кои поради различни причини не успеаа да ја завршат трката. Поради повредата која ја доживеа на четвртиот слободен тренине, Андреа Ианоне не беше дел од трката.

Back To Top