MotoGP

Лоренцо: Логично е да сум тажен, разочаран, загрижен

Хорхе Лоренцо даде искрена оценка после разочарувачкото дванаесето место кое го освои во Херез; „Во моментов сум во тешка состојба.“

Следете нè на:

 

Хорхе Лоренцо даде искрена оценка после разочарувачката трка која ја имаше во Херез, потенцирајќи дека во моментов е логично да е тажен, разочаран и загрижен.

Трката во Херез, која му е е една од омилените на возачот кој доаѓа од Мајорка, требаше да биде местото преку кое тој ќе се врати во борбата за титулата. Во четвртокот тој пред новинарите изјави дека сите работи во моментов се позитивни и дека може да дојде до добар резултат после преминот во Honda.

Но, веднаш стана јасно дека тој не е компетитивен. Стартувајќи од 11-тото место, 32 годишниот возач за кусо време се најде на петнаесетата позиција. Сепак успеа да го подобри конечниот резултат поради несреќите кои ги доживеаа Фабио Куартараро, Џек Милер и Јоан Мир.

Lorenco txt 1 06 05

Она што можеби е најголемо разочарување за Лоренцо е фактот дека заврши две места послабо од тест возачот на Honda, Стефан Бредл, за кого ова беше прв настап во 2019 година.

„Очигледно е дека не можам да бидам среќен од трката“, изјави Лоренцо. „ Логично е да сум тажен, разочаран и загрижен. Но ќе продолжам да се борам. “

„Утре имаме важен тест на кој ќе пробаме многу работи. Се надеваме дека некои од тие работи ќе ни помогнат да ја подобриме брзината. Ова е тежок период за мене. Ќе останам позитивен бидејќи само тоа можам да го направам.“

„Дури и кога бев сам на тринаесетата и четиринаесетата позиција, немав добро темпо. Не се чувствував удобно на мотоциклот. Бев бавен и не бев доволно компетитивен.“

„На моето лице можете да видите дека не сум среќен. Има причина за тоа. Не сакам да има други трки како оваа денеска. Дадов се од себе но не можев да бидам побрз.“

„Не ми се допаѓа ситуацијата во која се наоѓам. Но јас сум шампион и ние се бориме до самиот кра,ј се додека не најдеме решение. А јас ќе најдам решение.“

Lorenco txt 2 06 05

Кои беа главните причини за бавното темпо? „Имам проблем при влегување во свиокот. Мотоциклот префрла премногу тежина на предниот дел. Мораме да најдеме решение на овој проблем. Исто така имаме проблем и со моторното сопирање или со шасијата. Се уште не можеме да откриеме каде е проблемот.“

„Поради ова не се чувствувам добро кога влегувам во свиоците. Губам многу време во споредба со Кал и Накагами и секако во однос на Марк. Се додека не го решиме овој проблем, нема да бидеме брзи.“

Разбирлива е моменталната состојба во која се наоѓа Лоренцо. Поминаа повеќе од осум месеци откако последен пат возеше без никаква пвреда. Токму тоа и го спречи да има повеќе настапи за време на зимската пауза.

Сепак вели дека адаптирањето на новиот стил на возење заедно со се подобрата физичка подготвеност, на крајот ќе резултира со добри настапи.

„Секако дека можам малку да го подобрам мојот настап. Секој пат кога возам, учам нови работи. Но и мотоциклот треба да ми даде нешто повеќе , да не се уморувам при сопирање. Треба да подобриме уште неколку работи бидејќи во моментов губам премногу од брзината.“

„Ситуацијата со повредата ми се подобрува и во моментов не чувствувам болка кога сум на мотоциклот. Но сепак се уште не можам да поминам подолг период во теретана и да вежбам. Но ќе повторам, има нешто на мотоциклот кое не можам да го разберам. “

На прашањето дали адаптацијата на мотоциклот на Honda е потешко во споредба со она пред две години, тој изјави: „Не знам. Има мотоцикли на кои веднаш штом ќе се качите се чувствувате самоуверено, но има и некои кои не се такви. Има возачи кои лесно се адаптираат но има и такви на кои адаптацијата им е потешка, на кои им треба повеќе време. Но штом еднаш ќе го научат мотоциклот, после тоа нема враќање назад. “

„Јас веројатно припаѓам на втората група. Го пропуштив тестот во Сепанг бидејќи осум месеци имав повреда. Мислам дека ми треба повеќе време и повеќе километри поминати со мотоциклот. Овие работи ќе ми дадат поголема брзина.“

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.