Овој викенд Марк Маркез може да ја постигне 300-тата победа за Honda во премиерната класа.

Доколку успеат да стигнат до нов успех за време на Француската Гран При трка, тоа за Honda ќе биде 300-та победа во премиерната класа.  Тоа исто така ќе биде и најновото достигнување за тимот кој првата победа ја постигна во 1966 година кога Џим Редман победи со неговиот RC181.

Marquez txt 15 05 2019

Повторно на првото место на табелата, Марк Маркез е главен фаворит за нова победа која ќе биде вкупно 300-та за Honda. Шпанецот постигна две победи на претходните четири трки но откако се приклучи на премиерната класа во 2013 година, тој само два пати има победено на патеката во Ле Ман( 2014 и 2018).

„Имавме добар тест во Ле Ман но ова е MotoGP и секогаш морате да работите напорно„ , изјави актуелниот шампион.

„Во паузата помеѓу трките имав малку време да се одморам а ја посетив Формула 1 трката како и фудбалскиот натпревар во Германија.“

„Ле Ман може да биде непредвидлива патека и затоа мораме да бидеме добро подготвени. Минатата година успеав да победам но тука ривалите се секогаш добри.“

Маркез, кој тестот во Херез го помина испробувајќи нови компоненти, во моментов е на првото место во генералниот пласман со предност од само еден поен во однос на возачот на Suzuki, Алекс Ринс.

Back To Top