(Време на читање: 2 - 3 минути)


„Ќе има многу мои фанови на Француската Гран При трка и тоа ќе ми даде дополнителна мотивација. Но тоа исто така ќе ми направи дополнителен притисок бидејќи ова е мое домашно Гран При“ – Фабио Куартараро

Најновата Француска MotoGP ѕвезда, Фабио Куартараро за прв пат ќе почувствува каков е настапот пред домашната публика на трката која овој викенд ќе се вози во Ле Ман.

Најмладиот возач кој усеал да стигне до пол позиција во премиерната класа беше блиску до освојување на место на подиумот но поради проблеми со менувачот мораше предвреме да ја заврши трката во Херез. Тоа за него беше втор проблем, по оној во Катар.

Возачот на Petronas Yamaha го подобри сопствениот рекорд на тестот кој се одржа по завршувањето на трката во Херез. Сега се надева дека ќе има сличен настап како и неговиот сонародник, Јохан Зарко, кој успеа да дојде до својот прв подиумот на трката во Ле Ман која се возеше во 2017 година.

„Од Шпанската Гран При трка можеме да извлечеме само позитивни заклучоци“ , вели Куартараро. „Освоивме пол позиција, се боревме за место на подиумот а во понеделникот бевме најбрзи на тестот.“

„Добро е што одиме во Ле Ман после еден добар викенд каков што имавме во Херез. Тука ќе има многу мои фанови и тоа ќе ми даде дополнителна мотивација. Но исто така тоа ќе ми создаде и дополнителен притисок бидејќи ова е моја домашна Гран При трка.“

„Мислам дека патеката ќе и одговара на Yamaha YZR-M1 бидејќи во изминатиов период тука постигнувавме добри резултати. Ќе дадеме се од себе и ќе продолжиме да работиме исто како и на трката во Херез. Со нетрпение чекам да почне трката.“

Quartararo Txt 15 05 2019

Куартараро, кој е најдобриот возач меѓу дебитантите, ја освои првата пол позиција на трката во Ле Ман во 2015 година. Една година претходно тој стигна до победа за време на CEV. Најдобар резултат отогаш му е шестото место кое го постигна во 2016 година додека беше дел од Moto3 серијата.

Неговиот тимски колега, Франко Морбидели, кој стартуваше веднаш до него во Херез, падна од второто на седмото место. Сепак, и тој имаше добар настап за време на тестот и на крајот се најде на третата позиција.

„Во многу добра форма одиме во Ле Ман. После добриот викенд во Херез, продолживме со развојот на мотоциклот и најдовме некои работи кои можат да ни помогнат на следните трки“, изјави Морбидели кој победи на трката во Ле Ман во 2017 година додека беше дел од Moto2 серијата.

„Таа има многу поинакви карактеристики од Херез. “

„После четири трки се наоѓаме на позицијата на која се надевавме но сакаме уште повеќе да се подобриме. Мислам дека после трката во Херез, шансите да се најдеме на подиумот се многу поголеми. Но се уште не чека многу работа.“

Во моментов, Морбидели се наоѓа на десетото место на табелата додека пак Куартараро е тринаесети.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: