MotoGP

Ле Ман: Роси: Ова е патека која многу ми се допаѓа

„Ле Ман е патека која многу ми се допаѓа и вообичаено Yamaha е компетитивна тука“ – Валентино Роси

Следете нè на:

 

Валентино Роси со нетрпние чека да почне трката во Ле Ман и да заборави на најлошиот настап кој го имаше оваа сезона, шестото место на трката која се возеше во Херез.

Веќе долги години Ле Ман е позната како „патеката на Yamaha “. Иако разликите меѓу мотоциклите не се толку драстични како во минатото, сепак возачите кои настапуваат со М1 победија на три од последните четири Гран При трки кои се возеа тука.

Хорхе Лоренцо победи во 2015 и 2017 додека пак Маверик Вињалес успеа да стигне до првото место во сезоната 2017. На оваа патека Валентино Роси со Honda дојде до својата прва победа во премиерната класа во 2002 година а во 2005 и 2008 година победи со тимот на Yamaha.

Во 2017 година Италијанецот се бореше со Вињалес за победа но падна во последниот круг. Минатата сезона заврши на третото место а тоа за него беше 13-то искачување на подиумот на оваа патека.

„Ле Ман е патека која многу ми се допаѓа и вообичаено Yamaha е компетитивна тука“, изјави Валентино Роси.

Тешкиот викенд кој го имаше во Шпанија го доведоа Роси на четвртото место во генералниот пласман. „Докторот“ го делат само девет поени од првото место но за разлика од возачите кои се пред него, Марк Маркез, Алекс Ринс и Андреа Довициозо, тој оваа сезона се нема радувано на победа.

Иако трката во Херез покажа дека проблемите кои ги има М1 се уште не се надминати, сепак направени се неколку позитивни чекори а Роси е убеден дека ќе биде компетитивен на една од неговите омилени патеки.

Rosi LeMan Txt 16 05

Можеби постигна седумнаесето најдобро време на тестот кој се одржа по завршувањето на трката, фокусот на Роси сепак беше насочен кон пневматицците и вели дека тимот постигнал добар напредок.

„Тестот во Херез беше навистина позитивен и мислам дека во Ле Ман ќе можеме да пробаме уште неколку други работи. Целта е да имаме добар викенд. Да работиме добро уште од првиот слободен тренинг и да бидеме брзи уште од самиот старт. Минатата година тука имавме добра брзина. “

„Се надевам дека и временските услови ќе не послужат оваа година за да можеме да го покажеме целиот потенцијал. Сакам да се искачам на подиумот.“

Тимскиот директор, Масимо Мерегали исто така се надева дека тестот во Херез може да биде добар за Yamaha.

„Направивме неколку мали промени за време на тестот и истите ќе ги испробаме овој викенд. Се надевам дека тоа ќе ни помогне.“

„Знаеме дека оваа патека вообичаено е добра за нас и затоа сакаме да го искористиме тоа и да дојдеме до најдобриот резултат. Знаеме дека Маверик и Роси се добри на оваа патека и се надеваме дека нашите возачи ќе се борат за првото место.“

Вињалес, кој на последната трка во Херез заврши на третото место, во моментов се наоѓа на шестата позиција во генералниот пласман.

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.