Последни информации за здравствената состојба на Марк Маркез.

Repsol Honda објави најнови информации во однос на здравствената состојба на шесткратниот MotoGP шампион, Марк Маркез.

Во декември, Шпанецот мораше за замине на трета операција на скршената десна рака откако тестовите покажаа дека поради инфекција, раната не може правило да заздрави.

Поради тоа, во изминативе десет недели Маркез прима антибиотици. Според последните информации, неговата клиничка слика се подобрува а лекарите се задоволни од тоа како заздравува коската.

 DSC4325 copy copy copy copy

„Најновиот преглед кој беше направен во болницата Ruber International, 10 недели после операцијата на десната рака, покажа дека има напредок во однос на неговата состојба. Лекарскиот тим ги виде радиографските слики од коската и се задоволни од прогресот. И во следните неколку недели ќе продолжи рехабилитацијата со цел целосно да заздрави раката која беше оперирана“, велат од Repsol Honda.

Маркез прв пат мораше да замине на операција откако доживеа фрактура на тесната рака на првата трка од сезоната која се возеше во Херез во јули. При обидот да се врати на патеката веќе следниот викенд, му пукна титаниумската плочка која му беше вградена и поради тоа мораше да замине на втора операција.

Но раната не заздравуваше правилно и Маркез мораше да оди на уште една, трета, операција. Засега се уште не се знае кога тој ќе се врати на патеката. Првиот официјален MotoGP тест треба да се оддржи во Катар на почетокот на март.

Back To Top