Актуелниот Светски шампион во МотоГП, Марк Маркез, денеска полни 24 години.

Актуелниот Светски шампион во МотоГП, Марк Маркез, денеска полни 24 години.

mark markez rodenden

Маркез е роден на 17-ти февруари 1993 година во Сервера, Шпанија. Трикратниот МотоГП шампион настапува за тимот на Хонда за кој започна да вози во најсилната класа во 2013 година.

Тој е еден од четворицата возачи во МотоГП кои имаат освоено титули во сите три класи, заедно со Мајк Хеилвуд, Фил Рид и Валентино Роси.

Тој ја освои шампионската титула во класата до 125цц во 2010 година, стана шампион во Мото2 класата во 2012, а во 2013, 2014 и 2016 стана шампион во најсилната МотоГП класа.

Маркез беше првиот возач по Кени Робертс во 1978 година кој успеа да ја освои титулата во првата сезона во МотоГП класата, воедно тој е и најмладиот освојувач на титулата. Во 2014 ја одбрани титулата на три рунди пред крајот на шампионатот, притоа забележувајќи 10 последователни победи. Во 2016 повторно ја обезбеди титулата на 3 рунди пред крајот на шампионатот.

Back To Top