MotoGP

Вињалес најбрз и на последниот ден на Филип Ајленд

Откако постави најдобро време на вчерашниот втор ден од тестирањето на Филип Ајленд, возачот на Јамаха успеа да го повтори успехот и да го заврши пред сезонскиот тест на првата позиција.

Следете нè на:

 

Откако постави најдобро време на вчерашниот втор ден од тестирањето на Филип Ајленд, возачот на Јамаха успеа да го повтори успехот и да го заврши пред сезонскиот тест на првата позиција.

25 maverick vinales esp 2017 action australia motogp phillip island pre season test16557 test2017 action.gallery full top fullscreen

Тестирањето траеше од 9:45 до 17:45 по локално време. Почетниот час од тестот го одбележа Вињалес кој успеа да го подобри вчерашниот резултат и со 1:28.549 го забележа најбрзото време на тестирањето.

Марк Маркез успеа да се спушти под границата од 1:29, но на крајот заостануваше 0.295 делови од секундата зад возачот на Јамаха.

Вињалес до сега има фантастичен резултат на пред сезонските тестирања, тој беше најбрз на сите досегашни тестирања: Валенсија, приватниот тест на Сепанг, официјалниот тест на Сепанг и сега на Филип Ајленд.

Последниот пред-сезонски тест ќе се одржи на патеката Лосаил во Катар во периодот 10-12 март.

Поз ВозачТимВремеРазликаКругови
1   VIÑALES, Maverick Movistar Yamaha MotoGP 1:28.549   13 / 101
2   MARQUEZ, Marc Repsol Honda Team 1:28.843 0.294 14 / 96
3   PEDROSA, Dani Repsol Honda Team 1:29.033 0.484 61 / 65
4   FOLGER, Jonas Monster Yamaha Tech 3 1:29.042 0.493 12 / 63
5   CRUTCHLOW, Cal LCR Honda 1:29.101 0.552 72 / 85
6   RINS, Alex Team SUZUKI ECSTAR 1:29.103 0.554 60 / 66
7   DOVIZIOSO, Andrea Ducati Team 1:29.248 0.699 9 / 73
8   LORENZO, Jorge Ducati Team 1:29.342 0.793 61 / 75
9   MILLER, Jack Team EG 0,0 Marc VDS 1:29.358 0.809 18 / 93
10   ESPARGARO, Aleix Aprilia Racing Team Gresini 1:29.361 0.812 61 / 65
11   ROSSI, Valentino Movistar Yamaha MotoGP 1:29.470 0.921 13 / 52
12   IANNONE, Andrea Team SUZUKI ECSTAR 1:29.547 0.998 63 / 77
13   PETRUCCI, Danilo Octo Pramac Racing 1:29.615 1.066 50 / 57
14   ZARCO, Johann Monster Yamaha Tech 3 1:29.670 1.121 10 / 87
15   BARBERA, Hector Reale Esponsorama Racing 1:29.791 1.242 82 / 83
16   ESPARGARO, Pol Red Bull KTM Factory Racing 1:29.857 1.308 62 / 62
17   BAZ, Loris Reale Esponsorama Racing 1:29.977 1.428 64 / 71
18   SMITH, Bradley Red Bull KTM Factory Racing 1:29.978 1.429 73 / 73
19   BAUTISTA, Alvaro Pull&Bear Aspar Team 1:29.984 1.435 7 / 74
20   REDDING, Scott Octo Pramac Racing 1:30.005 1.456 47 / 74
21   LOWES, Sam Aprilia Racing Team Gresini 1:30.200 1.651 29 / 57
22   ABRAHAM, Karel Pull&Bear Aspar Team 1:30.452 1.903 24 / 61

Би можело да ве интересира

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.