Хорхе Лоренцо призна дека тестот на Филип Ајленд започнал многу подобро отколку првиот тест во 2017 година кој го имаше во Сепанг на почетокот на овој месец. Трикратниот светски шампион на крајот на денот заврши високо на табелата.

Хорхе Лоренцо призна дека тестот на Филип Ајленд започнал многу подобро отколку првиот тест во 2017 година кој го имаше во Сепанг на почетокот на овој месец. Трикратниот светски шампион на крајот на денот заврши високо на табелата.

lorenzo filij ajlend

После девет години во Yamaha, Лоренцо се уште го прилагодува својот стил на возење. На првиот ден од тестовите во Сепанг, Лоренцо заврши на седумнаесетото место за разлика од тестот во Австралија каде што заврши како единаесети. Сепак, Лоренцо е задоволен од својот настап.

„Тестот на Филип Ајленд започна многу подобро отколку тестот во Сепанг. Денеска ја користевме истата основа која ја поставивме на крајот на тестот во Малезија. Штета што во последниот час и половина не успеавме да го подобриме нашето време.

Поради силниот ветар не успеавме да го подобриме времето по извозен круг. Но во секој случај позитивен е фактот дека собираме нови информации и дека малку по малку се подобруваме.“

И неговиот тимски колега, Андреа Довициозо, исто така е задоволен од својот настап. Двајцата возачи се уште се навикнуваат на новата GP17 машина.

„Денеска направивме неколку тестови со шасијата бидејќи требаше да дефинираме неколку различни аспекти. Целиот ден го искористивме за ова. Чувството е навистина добро но тука на Филип Ајленд, за разлика од патеката во Малезија, можете подобро да ја забележите разликата меѓу мотоциклите кои имаат крилца и оние кои немаат. Се уште треба да го подобриме балансот на мотоциклот и тоа ќе го направиме утре.“

Back To Top