MotoGP

Макс Биаџи и Хју Андерсон станаа дел од 2020 MotoGP Legends листата

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Следете нè на:

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Во деведесетите години од минатиот век Биаџи доминираше во класата од 250cc, стигнувајќи притоа до четири титули во периодот од 1994 до 1997 година. Италијанецот победи на 13 трки во премиерната класа а три сезони завршуваше на второто место во генералниот пласман во MotoGP.

Во 2007 година Биаџи премина во Супербајк серијата и таму повторно беше успешен. 48 годишниот возач со Aprilia ја освојуваше титулата во 2010 и 2012 година и стана единствениот Италијанец кој има титула во WSB шампионатот. Биаџи сега е предводник на Sterilgarda Max Racing Team кој е дел од Moto3 серијата а исто така продолжува да тестира за Aprilia.

Biaggi txt 22 11

„Голема чест ми е што ќе бидам дел од MotoGP Legend листата и што моето име засекогаш ќе остане поврзано со ова натпреварување и со други познати возачи како што се Агостини, Аспар, Нието и Шин“, вели Биаџи. „Среќен сум што се уште се цени големиот напор кој го вложив. Им благодарам на сите кои ми ја овозможија оваа чест.“

Во мај во Муџело, Биаџи ќе стане дел од MotoGP Hall of Fame.

Андерсон е двократен 50cc и 125cc светски шампион. Возачот кој доаѓа од Нов Зеланд беше дел и од класата од 500cc а во текот на шеесетите години неколку пати се искачи на подиуот додека се натпреваруваше во класата од 300cc. За време на шест годишната кариера, Андерсон победи на 25 трки и освои четири титули.

Hugh Anderson txt 22 01

„Како се чувствував кога ја дознав оваа информација? Прво нешто што си помислив е дали го заслужив ова со оглед на релативно скромниот успех кој го постигнав во кариерата. Но неколку часа подоцна работите почнаа да се менуваат. Ова значи дека и после толку години, светот не ме заборави и дека се уште се ценат возачите кои се дел од една друга ера. Ви благодарам“, вели Андерсон.

Се уште не се знае локацијата и времето кога Андерсон ќе стане дел од MotoGP Hall of Fame.

А денот кога Хорхе Лоренцо објави дека ќе се повлече од тркањето беше соопштено дека и тој ќе стане дел од оваа престижна листа на возачи. Лоренцо е еден од најуспешните MotoGP возачи и единствениот кој успеал да го победи Марк Маркез во борбата за титулата во Премиерната класа.

jorge lorenzo txt 22 01

Лоренцо два пати ја освојуваше титулата во класата од 250cc а три пати беше шампион во премиерната класа. 32 годишниот возач победуваше на голем број трки додека беше дел од Yamaha и Ducati. Сепак, не успеа да го повтори истиот успех и со тимот на Honda. Големиот број на повреди се главната причина за неговото пензионирање.

„Навистина сум многу среќен што сум дел од MotoGP Legend“, вели Лоренцо. „Кога почнував со трањето се што сакав е да бидам дел од Светскиот шампионат.  Во ниту еден момент не очекував дека ќе освојам пет титули. Но сепак уште потешко е да бидете дел од оваа престижна листа на возачи.“

Лоренцо ќе биде вклучен во MotoGP Hall of Fame во Херез, на истата патека на која дебитираше со само 15 години.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Започна одбројувањето до петтото издание на Distinguished Gentleman’s Ride, настан кој ќе се одржи на 27-ми септември.

Викендов се вози 8-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин повторно ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

По шест извозени трки во МотоГП шампионатот Андреа Довициозо е на чело на табелата со 76 освоени бодови.

Викендов се вози 7-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Во продолжение ќе ги најдете информациите за Австриската патека како и распоред за следење на МотоГП трката.

Пристигнаа првите информации од МФМ за годинешното 29-то по ред мото рели Македонија - Независност 2020.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.