MotoGP

MotoGP: Yamaha во Сепанг ќе го претстави „holeshot“ додатокот ?

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Следете нè на:

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Се чини дека на тестот во Сепанг кој ќе се оддржи следниот месец Yamaha ќе престави нов додаток.

Уште од трката во Мотеги во 2018 година, Ducati го користи специјалниот стартен систем кој го прави понизок задниот дел на мотоциклот. На трката во Брно минатиот август, Aprilia се појави со нов систем монтиран на предната вилушка на мотоциклот.

Двата системи ја закочуваат суспензијата. Со тоа центарот на гравитација станува понизок и не може лесно да се крене предното тркало. Тоа игра голема улога во забрзувањето на мотоциклот.

Yamaha, а особено Маверик Вињалес, имаат голема потреба од ваков додаток. Возачот со број 12 признава дека најмногу е фокусиран на тоа да има добар старт на трките и откри дека и Yamaha планира да употреби ваков додаток на својот мотоцикл.

„Мислам дека мотоциклот се подобрува. На многу патеки сме брзи и мислам дека нашата шасија е фантастична. Максималната брзина се уште не е онаква каква што посакуваме, но сепак се подобруваме“, вели Вињалес.

„Јас лично сум фокусиран на стартот на трката. Тој е многу важен а ние тука губиме многу. Работиме напорно за да создадеме уред каков што имаат другите тимови. Се надевам дека тој ќе биде подготвен до тестот во Малезија.“

„Мислам дека фокусот за сезоната 2020 треба да ни биде на стартот а потоа да имаме подобра максимална брзина.“

 DSC3195

Воопшто не треба да се изненадиме доколку видиме дека и другите тимови, Suzuki, Honda и KTM се појават со сличен додаток во Малезија. Honda призна дека користела нешто слично додека за нив настапуваше Алваро Баутиста во периодот од 2012 до 2014 година. Сепак, кај актуелниот RC213V се уште нема таков додаток.

Главен проблем кај овој уред е тоа што тој може нема да се исклучи до првиот свиок, нешто што му се случи на Џек Милер во Силвесроун.

Вињалес, кој беше најбрз на тестовите во Валенсија и Херез, вели дека најновиот прототип на М1 е многу сличен со минатогодишната машина и дека тоа е навистина добро. Сепак, очекува да има нови делови кои ќе ги тестира во Сепанг.

25 годишниот возач додава и дека во минатото бил брз за време на тестовите но штом ќе почнела сезоната се појавувале проблеми.

„За време на тестовите, на патеката има остатоци од пневматиците на Michelin и мислам дека затоа контактот на мотоциклот со површината е добар. Но за време на трките, пред нас настапуваат мотоциклите од Moto2 серијата кои користат гуми од Dunlop. Тоа прави голема разлика и многу влијае на нашиот мотоцикл.“

Еден вид на поттик за Вињалес може да преставува фактот дека и покрај тоа што имаше слаб старт на минатата сезона, сепак на крајот успеа да ја стигне до две победа за Yamaha.

„Мислам дека на тестот во Каталуња имавме добар сетап. Се чувствував добро со мотоциклот и имав доверба во предниот дел на машината. Потоа одлучивме да го користиме истиот сетап до крајот на сезоната. Имаше некои патеки на кои не одговараше но воглавно бевме добри. “

Вињалес ја заврши сезоната на третото место и беше најдобриот возач на Yamaha.

Тестот во Сепанг ќе се оддржи од 7-ми до 9-ти февруари.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Започна одбројувањето до петтото издание на Distinguished Gentleman’s Ride, настан кој ќе се одржи на 27-ми септември.

Викендов се вози 8-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин повторно ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

По шест извозени трки во МотоГП шампионатот Андреа Довициозо е на чело на табелата со 76 освоени бодови.

Викендов се вози 7-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Во продолжение ќе ги најдете информациите за Австриската патека како и распоред за следење на МотоГП трката.

Пристигнаа првите информации од МФМ за годинешното 29-то по ред мото рели Македонија - Независност 2020.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.