Хорхе Лоренцо официјално ќе се врати на Мото ГП трката за Големата Награда на Британија на патеката Силверстоун.

Лоренцо доживеа пад на трката во Холандија по што се здоби со неколку поситни скршеници кои го оддалечија од патеките. Шпанецот немаше добар старт на сезоната со Хонда, а по повредата се чини дека ќе бидеме сведоци на најлошата сезона во неговата кариера. 

5d377d617428b1.16486866

Како што објави денеска HRC тимот, во заеднички договор со Лоренцо се одлучиле тој да ги пропушти и трките во Чешка и Австрија, а неговото враќање да биде на трката во Англија.

„За време на летниот одмор Лоренцо интензивно работеше на закрепнување од повредата но се уште чувствува болки па затоа одлучивме да ја продолжиме паузата и за следните две трки“ - стои во соопштението од тимот.

На негово место ќе го видиме Штефан Брадл, германецот во секој случај требаше да настапи на Брно со вајлд карта, но сега ќе биде директна замена за Лоренцо, исто како што беше и во Захсенринг.

Back To Top