„Уште пред стартот знаев. Ако имам проблеми со предната гума, ќе се мачам. Токму тоа и се случи“ – Хорхе Лоренцо.

Хорхе Лоренцо откри дека проблемот со предната гума беше причината поради која ја загуби брзината, откако беше во водство во првите неколку круга од трката во Каталуња.

Актуелниот светски шампион го престигна Маркез на првиот свиок и остана лидер во првите шест круга. Но потоа настанаа проблемите и тој постепено паѓаше подолу на табелата. Во дванаесетиот круг, тој се наоѓаше на петото место.

lorenzo rossi catal

„На почетокот имав добар старт и повеќе или помалку бев на исто ниво со останатите возачи. Но уште на стартот знаев, ако имам проблеми со предната гума, ќе се мачам. Токму тоа и се случи,“ изјави Лоренцо.

„Роси, кој го имаше истиот мотоцикл, го немаше тој проблем. Изгледа дека тој вози поинаку од мене и може да ја сочува предната гума. Исто така тој е и многу подобар при потешки услови.“

„Денеска тој имаше неверојатна трка. Не можам да возам како него и не можам да го променам мојот стил за да го избегнам повторно истиот проблем. Тоа е вистината.“

После 17 круга, Лоренцо ја заврши трката.

Ова е втора трка годинава што Шпанскиот возач не успеа да ја заврши. Сега тој заостанува 10 поени во однос на новиот лидер во шампионатот, Марк Маркез кој заврши на второто место, веднаш зад Валентино Роси.

Back To Top