Валентино Роси остави простор за нормален однос со MotoGP ривалот Марк Маркез, но не е сигурен за тимскиот колега Хорхе Лоренцо.

Емоционалната трка во Каталуња заврши со поздрав меѓу Марк Маркез и Валентино Роси за прв пат по 2015 година.

Односот меѓу овие двајца возачи, кои некогаш беа пријатели, се наруши откако Роси го обвини Маркез дека се обидува да му помогне на Хорхе Лоренцо во борбата за титулата минатата година. Борбата ескалираше за време на сударот на патеката во Сепанг како и на трката во Валенсија.

Роси досега избегнуваше секаков контакт со Маркез, но смртта на Луис Салом донесе помирување меѓу овие двајца возачи. По завршувањето на трката, тие се ракуваа.

slack for ios upload.big

„Кога ќе се случи нешто вакво, сите други работи стануваат небитни,“ изјави Роси. „Затоа мислам дека ова беше правилна одлука.“

„Ова е одличен спорт. Наша пасија. Но исто така е и опасен.“

Маркез изјави: „Ова беше навистина тажен викенд за MotoGP. Но на крајот, ми се допадна што повторно ја имаше добрата атмосфера. Кога сите бевме заедно и кога сите му ја посветија оваа трка на Луис.“

„Сите не поддржуваа од трибините. Беа полни со почит бидејќи преземаме големи ризици. Исто така важно ми беше и што се поздравив во Валентино. Среќен сум поради тоа.“

Прашан дали ова ќе го поправи нивниот однос, Роси изјави: „Да“.

„Секако“, изјави Маркез кој беше награден со аплауз од публиката.

rosi lor 16

Но за да се подобри односот меѓу Роси и Лоренцо, можеби ќе треба малку повеќе време.

Двајцата возачи неколкупати досега разменија остри зборови.

„Добро прашање,“ изјави Роси на прашањето дали ќе се обиде да го поправи и односот со Лоренцо. „Искрено, ситуацијата со Лоренцо е малку поинаква. Откако се вратив во тимот на Yamaha секогаш прв го поздравував. Оваа година ќе почекам тој прв да ме поздрави. Но тоа досега не се случи. Затоа мислам дека е најдобро да зборувате со него.“

Прашан дали во иднина ќе присуствува на состаноците на безбедносната комисија, бидејќи не присуствуваше од трката во Сепанг минатата година, Роси изјави дека „ќе се обиде да дојде“.

Back To Top