MotoGP

Лоренцо е внимателен и покрај досегашниот рекорд во Ле Ман

„Во минатото бев добар во Франција но ќе треба да видиме како ќе се одвиваат работите овој викенд“ – Хорхе Лоренцо

Следете нè на:

 

Хорхе Лоренцо го започна MotoGP викендот во Херез со надеж дека за прв пат ќе има добар настап во новиот тим на една од неговите омилени патеки. Но наместо тоа, за време на слободниот тренинг тој падна од второто на четиринаесетото место. Трката ја стартуваше од единаесетата позиција а на крајот заврши како дванаесети со разлика од 18 секунди зад победникот Марк Маркез.

Како ова да не беше доволно, на тренингот кој се одржа после трката тој два пати падна. Лоренцо сега ќе го стартува викендот со надеж дека за прв пат оваа сезона со неговиот RCV ќе се најде меѓу најдобрите десет возачи на патеката.

Добрата вест за поранешниот шампион е тоа што на патеката во Ле Ман тој има постигнато пет победи во премиерната класа. Но после лошиот настап во Херез, Лоренцо вели дека не сака да дава никакви предвидувања.

„После тешкиот викенд среќен сум што нема голема пауза помеѓу трките. Во минатото бев добар на оваа патека но ајде да почекаме и да видиме како ќе се одвива викендот“, вели Лоренцо.

„Тестот кој го имавме веднаш после трката во Херез беше продуктивен и можев да поминам повеќе време со мотоциклот. Тоа би требало да ми помогне побрзо да го научам и да се подобрам.“

Lorenco Txt 15 05 2019

Главен приоритет на Лоренцо сега е да го подобри сопирањето кога влегува во свиоците.

„Мотоциклот префрла премногу тежина на предниот дел и во тој момент тешко ми е да го контролирам“, изјави Лоренцо во неделата.

„Ова прави да не се чувствувам толку добро кога влегувам во свиоците. Губам многу време во споредба со Кал и Накагами. Секако и во однос на Марк. Се додека не го поправиме ова, нема да бидеме брзи.“

„Секако дека можам да го подобрам моето возење. Секој пат кога ќе се качам на мотоциклот учам нешто ново. Но и машината треба да ми даде мене нешто. Во однос на ергономијата, да не се уморувам кога притискам на сопирачките а во однос на самодовербата да има подобрување кај шасијата, моторното сопирање или пак моторот за да бидам побрз во свиоците.“

„Во моментов, губам премногу брзина.“

Лоренцо, чии што претсезонски подготовки беа скратени поради повреда, во моментов се наоѓа на четиринаесетото место на табелата со освоени единаесет поени.

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.