MotoGP

Куартараро го победи Вињалес, Маркез се врати на патеката

Фабио Куартараро успеа да го победи Маверик Вињалес и се најде на првото место по завршувањето на тренингот во Тајланд. Маркез се врати на патеката откако за време на првиот слободен тренинг излета надвор од патеката и заврши во болница.

Следете нè на:

 

Фабио Куартараро успеа да го победи Маверик Вињалес и се најде на првото место по завршувањето на тренингот во Тајланд. Маркез се врати на патеката откако за време на првиот слободен тренинг излета надвор од патеката и заврши во болница.

Фабио Куартараро успеа да го победи Маверик Вињалес  и постигна најдобар резултат по завршувањето на тренингот кој се оддржа во пресрет на Гран При трката на Тајланд. Марк Маркез успеа да се врати на патеката откако за време на првиот слободен тренинг излета надвор од патеката и заврши во болница.

Актуелниот шампион помина два часа во болница но веднаш потоа се врати на патеката и беше дел од вториот слободен тренинг.  За време на инцидентот кој се случи во свиокот број седум, Маркез уништи еден од неговите RC213V мотоцикли. Исто така доби и повреди на левата нога и грбот.

Но на патеката тој беше одличен и не покажа никакви знаци дека има болки.  Попладневната сесија ја заврши со осум извозени кругови и постигна време кое беше речиси за една секунда подобро од поголемиот дел од неговите ривали.

Куартараро го освои првото место благодарение на резултатот од 1 минута и 30.404 секунди.  Возачот на Petronas Yamaha настапи со тврда предна и мека задна гума. На крајот тој имаше за 0.193 секунди подобро време од Вињалес.

Импресивен настап имаше уште еден возач на Petronas Yamaha,Франко Морбидели, кој го освои третото место. Доминацијата на тимот од Ивата ја прекина возачот на Pramac Ducati, Џек Милер кој се најде на четвртото место а петти беше уште еден возач на Yamaha, Валентино Роси.

 DSC3566

Најдобриот резултат на Маркез, 1минута и 30.891 секунда беше доволен тој да се најде на шестото место и на крајот заврши пред возачот на Aprilia, Алеш Еспаргаро.

Андреа Довициозо беше осми.  Доколку сака уште да остане во игра за титулата, Италијанецот не смее да дозволи Маркез да освои два поени повеќе од него на трката во Тајланд.

 DSC3913

Возачите на Suzuki, Јоан Мир и Алекс Ринс успеаа да завршат меѓу најдобрите десет возачи на патеката. Данило Петручи од Ducati беше единаесети додека пак Франческо Бањаиа го освои дванаесетото место за Pramac Ducati. Кал Кратчлоу и Такааки Накагами од LCR Honda го освоија тринаесетото, односно четиринаесетото место.

Пол Еспаргаро повторно го предводи тимот на КТМ откако се врати на патеката. Тој заврши на петнаесетото место а зад него, на шестнаесетата позиција беше Андреа Ианоне. Возачите на Avintia Ducati, Карел Абрахам и Тито Рабат, имаа 17-то и 18-то најдобро време. Мигел Оливеира и Tech3 KTM го освоија деветнаесетото место додека пак Хорхе Лоренцо успеа да дојде само до дваесетата позиција. На крајот тој имаше заостанување од 1.545 секунди.

Мика Калио (Red Bull KTM) и Хафиз Сиахрин (Tech3 KTM) ја комплетираа листата на возачи.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.