MotoGP

Роси ќе го промени шефот на тимот

Валентино Роси следната година ќе има нов шеф на екипата. Силвано Галбусера ќе премине во тест тимот а на негово место ќе дојде Давиде Муњоз.

Следете нè на:

 

Валентино Роси следната година ќе има нов шеф на екипата. Силвано Галбусера ќе премине во тест тимот а на негово место ќе дојде Давиде Муњоз.

Валентино Роси објави дека следната година ќе има нов шеф на екипата. Силвано Галбусера ќе премине во Европскиот тест тим а на негово место ќе дојде Давиде Муњоз. Галбусера дојде на оваа позиција во 2014 година кога го замени Џереми Бургес.  Сепа, поради слабите резултати во последниот период, дојде до промена во техничката екипа.

Роси потврди дека во 2020 година Галбусера ќе премине во Европскиот тест тим а неговата позиција ќе ја преземе Давиде Муњоз. Муњоз во минатото беше дел од шампионскиот тим на Франческо Бањаи во Moto2 серијата а во моментов е главен шеф на тимот на Николо Булега, возачот кој е дел од Sky VR46 и кој се натпреварува во Moto2 шампионатот.

 DSC3828

Оваа информација преставува изненадување бидејќи во јули оваа година Роси изјави дека Галбусера и во иднина ќе биде дел од неговиот тим. Во моментов не се познати причините за ваквата одлука.

„После трката во Мисано разговаравме со Силвано во обид да најдеме нешто што ќе направи подобри“, изјави Роси. „Неколку фактори влијаеа на оваа одлука. Тој имаше желба и понатаму да работи за Yamaha но сакаше помалку денови да биде надвор од Италија.“

„Во исто време, Yamaha сакаше да го направи тест тимот посилен за следната сезона. На почетокот не очекував ваква разврска, но после неколку разговори заедно одлучивме дека е најдобро Силвано да премине таму од следната година.“

„Ќе имам нов главен механичар. Тој ќе дојде од нашиот тим кој е дел од Moto2.  Неговото име е Давиде и минатата година работеше заедно со Пеко кога го освоија шампионатот. Оваа година тој работи заедно со Булега.“

„Тој нема никакво искуство со MotoGP мотоцикл но има одлични идеи.  На крајот сите се задоволни. Силвано е среќен што ќе биде дел од тест тимот.“

 DSC3753 copy

На прашањето подетално да ги објасни причините за промената, Роси изјави дека тимот во моментов е заглавен во една позиција и дека нема доволен напредок. Исто така вели и дека е импресиониран од работата на Муњоз за време на шампионската сезона.

Роси се нема искачено на подиумот уште од Гран При трката на Америка која се возеше во април. Во моментов тој заостанува десет поени зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

„За жал во моментов сме заглавени на едно место и се обидуваме да разбереме како можеме да се подобриме. Добро го познавам Муњоз  и минатата година тој заврши одлична работа со Пеко.“

„Ми се допаѓа како се справуваше со работите. Пред крајот на сезоната имаше огромен притисок а Пеко стравуваше да не ја загуби борбата за титулата.“

„Тој не зборува многу но одлично менаџираше со ситуацијата. За жал ваквата одлука негативно ќе се одрази на Moto2 тимот но за нас ќе биде подобро“, вели Роси.

Следната сезона ќе биде последна од договорот кој 40 годишниот возач го има со тимот на Yamaha. Вели дека продолжувањето на договорот ќе зависи од резултатите кои ќе ги постигне следната година.

„Имам договор уште една сезона а продолжувањето ќе зависи од резултатите кои ќе ги постигнеме“, потврди Роси.

Промената на шефот на тимот е последната измена во хиерархијата на MotoGP тимот на Yamaha.Минатиот месец беше потврдено дека претседателот на Yamaha Motor Racing, Коучи Цуи ќе ја напушти функцијата.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.