MotoGP

Докторот на Лоренцо се обидел да го предомисли пред трката во Асен

Д-р Хоакин Родригез кој беше еден од тројцата доктори кој ја правеа операцијата, се обиде да го разубеди  Лоренцо да не вози на трката.

Следете нè на:

 

lorenc-skrsena-nogaЛоренцо извозе одлична трка иако возеше со страшни болки

Д-р Хоакин Родригез кој беше еден од тројцата доктори кој ја правеа операцијата, се обиде да го разубеди  Лоренцо да не вози на трката.

Хорхе Лоренцо имаше одлична трка во Асен и покрај тоа што само 36 часа претходно имаше операција на клучната коска. На крајот, одлуката да вози се исплатеше бидејќи возачот на Јамаха загуби само два поена во однос на ривалот Дани Педроса.

Сепак, Д-р Хоакин Родригез кој беше еден од тројцата доктори кој ја правеа операцијата, се обиде да го разубеди  Лоренцо да не вози на трката.

Во интервју за Шпанската новинска агенција  EFE, д-р Родригез ја опиша операцијата. Според него, таа не била воопшто едноставна бидејќи Лоренцо веќе имал фрактура на клучната коска. Исто така операцијата била  сложена бидејќи еден дел од коската бил многу блиску до главната артерија.

Родригез изјави: „Овој вид на повреда може да предизвика сериозни повреди на крвните садови кои поминуваат под клучната коска.Не смеете да ги потцените овие фрактури. Повеќето не се опасни но случајот на Хорхе беше загрижувачки. По операцијата се обидовме да го разубедиме да не се трка но тој беше решен да вози па затоа му дадовме листа на движења што не смее да ги направи во никој случај. Му рековме веднаш да се повлече од трката доколку забележи дека нешто не е во ред. ”

„Мислам дека ги разбра предупредувањата што му ги дадовме. Тој возеше на загревањето и добро се држеше. Заедно со моите колеги ја гледавме трката и го проучувавме секој негов потег. Бевме многу загрижени но на крајот тој ни одржа лекција по физичка и ментална сила како и желба за надминување на проблемите.”

 

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.