MotoGP на Instagram ги повика фановите да ги испратат своите видео снимки како го поздравуваат докотор. 

grazie vale

Пред нешто повеќе од два месеци Валентино Роси го најави своето повлекување од MotoGP. Се очекуваше вакво нешто веќе некое време, ама сепак ете и кога дојде ред за неговото повлекување, некако сите се надеваа дека ќе има уште... Но докоторот континуирано повотруваше, ако е конкурентен ќе продолжи да се трка, ако не е, ќе се повлече. И резултатите годинава повеќе од јасно укажуваат на тоа дека време е да се повлече. 

Можеби резултатите недостасуваат последниве години, но она што дефинитивно не недостасува се верните фанови ширум светот. Особено сега по најавата за неговото повлекување, секоја трка е последна и секаде фановите подготвуваат различни начини како да го поздрават и испратат токму него, без разлика на резултатот. 

За да им даде шанса на сите пред некој ден MotoGP и официјално ги повика сите да го испратат своето видео во кое на докторот му велат #GrazieVale на официјалната меил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Видео може да испрати секој, и тоа во 16:9 формат најдоцна до петок 29 октомври. Ние се надеваме дека ќе имаме наш човек на последната негова официјална трка во Валенсија, ама за секој случај ќе испратиме и видео. 

Нема конкретна најава што планира да прави MotoGP со овие видео снимки, ама сигирно ќе бидат јавно споделени за финалното поздравување со најголемиот MotoGP возач во историјата на спортот. 

Back To Top