Третата трка од годинешниот МотоГП шампионат викендов се вози во САД.

Гран при натпреварувањата во Америка имаат долга традиција која ги вклучува легендарните патеки како дејтона, Лагуна сека и Индијанаполис. Во 2013 година беше изградена патеката „Circuit of The Americas“ која со својот изглед, услови и капацитет од 120.000 гледачи стана хит и веднаш влезе во календарот на МотоГП шампионатот.

Grand Prix of The Americas

Со должина од 5,5 километри, патеката е составена од 20 свиоци од кои 11 се леви, а 9 десни. Најдолгиот правец изнесува 1200 метри, а најголемата брзина измерена на патеката изнесува 345,6 км/ч. Рекордот на патеката е во сопственост на Марк Маркез, кој во 2014 година сврте круг за време од 2'03.575.

Возбудувањата започнуваат денеска според следниот распоред:

Петок (01.10.2021) | SportKlub 3
16:00 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1
16:50 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1
17:50 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1
20:10 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2
21:05 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2
22:05 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2
Сабота (02.10.2021) | SportKlub 3
16:00 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3
16:50 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3
17:50 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3
19:30 MOTO GP USA: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ
20:25 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4
21:05 MOTO GP USA: MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ
22:05 MOTO GP USA: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ
Недела (02.10.2021) | SportKlub 2
17:55 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРКА
19:20 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРКА
21:00 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРКА
Back To Top