Актуелниот MotoGP шампион, Јоан Мир, вели дека е смирен и покрај неочекуваното заминување на Давиде Бривио од Suzuki.

Бривио изненади многумина со одлуката да го напушти Јапонскиот тим со цел да премине во Формула 1 каде ќе биде директор во Alpine.

Италијанецот беше на оваа позиција уште од 2013 година а неговото заминување од екипата следува само два месеци откако му помогна на Suzuki да стигне до првата титула по онаа која ја освоија во 2000-ta година.

Во интервју за SkySports24, Мир вели дека има доверба во тимот и покрај заминувањето на Бривио.

„Ова е навистина тешка ситуација бидејќи Давиде беше еден од главните луѓе во екипата“, изјави Мир.

„Јас сум смирен и имам самодоверба. Сигурен сум дека ќе продолжиме со добрата работа бидејќи тука има квалитетни луѓе.“

 DSC4188

Лидерот на MotoGP проектот на Suzuki, Шиничи Сахара, веќе изјави дека тимот не планира замена за Бривио во сезоната 2021.

„Навистина го ценам се она што Давиде го направи во изминативе години за Suzuki. Тој дојде на почеток на проектот и беше со нас се додека се развиваше екипата“, изјави Сахара.

„Секако дека ќе влијае неговото заминување, но мислам дека и без него ќе продолжиме да се движиме по истиот пат. Исто така, тука има и други квалитетни луѓе.“

„Верувам во луѓето кои работат тука. Сите го сакаме овој бренд и затоа мислам дека сега ќе бидеме пообединети. Ќе дадеме се од себе за да се справиме со предизвиците кои не очекуваат. “

Back To Top