Возачот на Дукати се уште се опоравува од повредата на рамото добиена во воведното коло од сезоната.
Откако заврте неколку круга како тест на патеката Мисано со Panigale V4S, возачот на Ducati Lenovo Team беше подложен на дополнителна проверка во Форли клиниката на д-р Порчелини, кој потврди дека на Бастианини ќе му требаат уште неколку недели за целосно да се опорави од повредата на десното рамо.
Затоа Енеа ќе ја продолжи рехабилитацијата со цел да се врати на патеката во Херез и ќе биде заменет во Тексас од Микеле Пиро.
Вчера беше соопштено дека Марк Маркез ќе ја пропушти трката во Америка.