MotoGP

Honda знае дека Лоренцо нема да биде 100% подготвен кога ќе се врати на патеката

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Следете нè на:

 

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Лоренцо, кој ќе се врати на патеката следната недела за време на Британската Гран При трка, не е дел од шампионатот уште од јуни кога се повреди на тренингот кој се одржа во пресрет на трката во Асен.

Пуиг е пресреќен што Лоренцо повторно ќе настапува но признава дека поради долгото отсуство ќе му биде потребно време да се врати во врвна форма.

„Со нетрпение чекаме да го видиме Лоренцо на патеката во Силверстоун и се надеваме дека ќе биде подготвен за настап“, изјави Пуиг. „Сепак, јасно ни е дека нема да може да даде 100%. “

„После таква тешка повреда како и фактот дека речиси два месеци се нема качено на мотоциклот, ќе му биде малку потешко да ја врати брзината. Сакаме да се врати мотивиран и подготвен за настап.“

Во изминативе неколку недели Лоренцо е во центарот на вниманието откако се појавија гласини дека би можел да премине во Pramac Ducati и покрај тоа што има дво годишен договор со Honda.

Lorenco txt 15 08

Пуиг ги отфрли ваквите шпекулации и порача дека Лоренцо ќе го испочитува договорот со тимот.

„Не сакам да мислам на тоа бидејќи знам дека тоа не е точно. Знам дека имаме договор со него кој трае до крајот на 2020 година.“

„Не знам што се зборува точно во гаражите но едно нешто можам да кажам, а тоа е дека ние ќе се држиме до нашиот план.“

Пуиг исто така сака да види и како ќе се покаже новиот асфалт на патеката во Силверстоун. Минатата година, поради големото количество на вода на патеката, трката беше откажана. Минатиот месец FIM изврши проверка на патеката и даде одобрение да се одржи трката.

„Минатата година беше тешко за возење поради условите на патеката. Но слушнав дека организаторите ставиле нов асфалт на патеката. Првичните реакции од возачите се позитивни. Ајде сега да одиме во Англија и да видиме што ќе се случи.“

Поради повреда, Лоренцо ги пропушти последните четири трки од шампионатот. Негова замена беше тест возачот Стефан Бредл.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Кон крајот на годината Ducati ќе пушти во продажба целосно нова верзија на Multistrada.

Марк Маркез успеа во последниот круг да го победи Фабио Куартараро на трката која се возеше во Мисано и ја зголеми предноста на табелата на 93 поени.

Марк Маркез вели дека и покрај фрустрациите кои ги имаше на последните две трки, не се потребни драстични промени со оглед на тоа дека има удобна предност во генералниот пласман.

Андреа Довициозо вели дека сеќавањата му се вратиле набрзо по тешкиот пад на Британската Гран При трка но дека сепак морале да му кажат што го предизвика инцидентот.

Викендов се вози 13-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Победникот на трката во Силверстоун, Алекс Ринс, вели дека е мотивиран и подготвен за борба за првата позиција на трката која се вози овој викенд.  Откако се опорави од повредата на патеката се враќа Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.