Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

За прв пат во својата историја , Ducati ќе се појави на патеката со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации а спортскиот директор на тимот, Паоло Чиабати, вели дека тоа ќе биде одлично за возачите но и за самиот развој на мотоциклот.

Неодамна беше решена и иднината на Џек Милер. Pramac Ducati потврди дека тој ќе остане дел од нивниот тим а во сезоната 2020 ќе настапи со Desmosedici GP20.

Во иднина, Милер ќе настапи со мотоцикл кој ги има истите спецификации како и машините на фабричките возачи, Андреа Довициозо и Данило Петручи. И тимскиот колега на Милер, Франческо Бањаиа ќе настапи со најновиот модел.

Ducati се надева дека со тоа што ќе обезбеди повеќе мотоцикли на патеката ќе собере и повеќе повратни информации од возачите, информации кои потоа ќе се искористат за дополнителен развој.Покрај ова, се надеваат и на поголема конкуренција и борба меѓу возачите во тимот.

Ducati 4Places txt 15 08

„Навистина сме среќни што успеавме да постигнеме договор со Pramac Ducati и што ќе можеме Desmosedici GP 20 да им го обезбедиме и на Милер и Пеко“ , изјави Чиабати.

„Ова ќе биде прв пат како Ducati има четири идентични мотоцикли на патеката, два за фабричкиот тим на Ducati и два за Pramac Racing.“

„Тоа ќе ни овозможи да собереме повеќе информации и да го подобриме развојниот процес. Целта ни е да постигнеме уште подобри резултати но во исто време да има фер и позитивна борба меѓу нашите возачи.“

Во однос на договорот на Милер, Чиабати вели дека тоа се должи на постојаниот напредок кој го покажал Австралиецот.

„Среќни сме што Џек ќе биде дел од нашиот тим и следната сезона. Тој покажа голем напредок откако ни се приклучи во 2018 година. Во исто време, сакам да им се заблагодарам на Pramac за посветеноста која ја покажаа кон Ducati.“

Сега откако Милер го продолжи договорот, останаа уште две слободни места на патеката кои треба и официјално да се пополнат: позицијата на Јоан Зарко во КТМ и Такааки Накагами во LCR Honda. Според информациите, се очекува наскоро Накагами да го продолжи договорот.

Back To Top