Шефот на Repsol Honda MotoGP, Алберто Пуиг, ги отфрли наводите дека Honda RC213V е потежок за возење во споредба со останатите мотоцикли на патеката.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda ги отфрли наводите кои доаѓаат од неговиот камп дека Honda RC213V е потежок за возење во споредба со останатите мотоцикли на патеката. Според него, четворица возачи со оваа MotoGP машина освоија вкупно десет титули.

Благодарение на Марк Маркез, Јапонската компанија доминира во изминативе неколку години. Минатата сезона, Шпанецот стигна до нова убедлива титула откако победи на 12 трки.

Ако на ова се додаде и тоа дека шест пати заврши на втората позиција се доаѓа до заклучок дека речиси сам му ја донесе екипната титула на тимот. Хорхе Лоренцо освои 28 поени.

Сепак, одредени личности кои се дел од Honda, пред се Кал Кратчлоу, велат дека RC213V е дизајниран за да одговара на стилот на возење на Маркез и дека поради тоа им е тежок на останатите возачи. Во 2019 година, Кратчлоу три пати се најде на подиумот а сезоната ја заврши на деветата позиција.

Пуиг смета дека тоа не е точно и вели дека во изминативе 18 години, тимот освои дури десет титули со четворица различни возачи, Маркез, Кејси Стонер, Ники Хејдн и Валентино Роси.

 DSC3631 copy

„Останува фактот дека во изминативе 18 години Honda дури десет пати ја освојува титулата и тоа со четири различни возачи. Yamaha има седум титули со двајца возачи додека пак Ducati само една титула“, вели Пуиг.

„Според ова мотоциклот на Honda е најлесен за возење!“

„Не знам што велат другите тимови но можам да ви кажам дека воопшто не се грижиме за тоа. Успехот не се должи само на возачот или на мотоциклот туку на целиот тим. Затоа не се сложувам со мислењето дека ја освојуваме титулата само поради Маркез.“

Можеби резултатот кој го постигна Маркез минатата сезона ќе ги натера останатите возчаи во тимот да се подобрат следбната сезона.

Пуиг сепак признава дека актуелниот мотоцикл е потежок за возење во споредба со оној со кој настапуваа Кејси Стонер, Роси и Хејдн. Ова го потврди и Маркез. Сепак, шесткратниот шампион вели дека не е негова задача да го направи мотоциклот подобар за неговите тимски колеги.

Од друга страна проблем може да се јави доколку се повреди Маркез, со оглед на тоа дека се наоѓа на второто место според бројот на падови изминатава сезона.

Следната сезона многу работи можат да зависат од настапот на Такааки Накагами. Јапонскиот возач ќе настапи со шампионскиот мотоцикл на Маркез.  На почетокот на годината Кратчлоу изјави дека Накагами не заслужува подобар мотоцикл. Но доколку Јапонецот има добра сезона, ова може да биде сериозен удар за Кратчлоу.

Back To Top